Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Стартува програмата „ЕУ за Преспа“ вреден 18 милиони евра за спас на Преспанското езеро и на регионот

Денеска и официјално започнува долгоочекуваната акција за спас на Преспанското езеро и на регионот со поддршка на ЕУ вредна 18 милиони евра, што ќе ја спроведуваат УНДП и Општина Ресен.

Од проектот се очекува еколошката катастрофа што го зафати регионот и Преспанското Езеро, да се претвори во успешна приказна со која ќе се реставрира природниот капитал и ќе се врати оштетениот екосистем во согласност со стандардите на ЕУ.

Мерките кои се предвидени да се реализираат се однесуваат на ревитализација на  загадената вода и почвата, на заштита на загрозените видови флора и фауна и на поттикнување на одржливоста на локалните економски и земјоделски практики со кои Преспа повторно ќе биде здрава животна средина и атрактивна и одржлива туристичка дестинација.

Целта на севкупната акција „ЕУ за Преспа“ е да се промовира Зелената агенда за Западен Балкан во прекуграничната област на Преспанското Езеро во согласност со политиките на ЕУ дека „нема оставени луѓе и региони“.

Проектот „ЕУ за Преспа“, со својот целосен назив „Враќање на природните ресурси и зајакнување на одржливото земјоделство и туризам“, започнува со својата практична реализација две години откако во 2022 година министрите за животна средина на Северна Македонија, Грција и Албанија, одржаа состанок со кој се договорија да започне реализацијата на иницијативата којашто започна уште во 2010 година кога со Европската Унија беше потпишан Договорот за заштита и одржлив развој на подрачјето на Паркот Преспа.

На 27 јули 2022 година состанок одржа Комитетот за прекугранично управување со Преспа Парк и Работната група за управување со водите, откако Грција го потпиша договорот од 2010 година, како резултат на решението за името на нашата земја со Преспанскиот договор од 2018 година.

Со проектот „ЕУ за Преспа“ вреден 18 милиони евра, којшто ќе го имплементира УНДП во соработка со Општина Ресен, договорено е да воспостави единствена методологија за испитување на квалитетот на водите за да може да се најдат најсоодветни решенија за заштита на Преспанското езеро и живиот свет поврзан со него, кој е еден од најбогатите во светот, како и да се поттикне значајна промена во практиките и однесувањето кај креаторите на политики на локално ниво, земјоделците, приватниот сектор, ГО и граѓаните во однос на управувањето и одржливото користење на природните ресурси во регионот на Преспа што ќе резултира со подобрен квалитет на живот и ќе придонесе за економски развој преку „зелени“ политики за раст.

Инвестициијата од 18 милиони евра на ЕУ има за цел да придонесе за зачувување на природниот капитал и за враќање на оштетениот екосистем на големото Преспанското Езеро во добар еколошки статус, во согласност со стандардите на ЕУ. Мерките ќе се однесуваат на загадувањето на водата и почвата, ќе ги заштитат загрозените видови и ќе ја поттикнат одржливоста на локалните економски и земјоделски практики. Земјоделците, домаќинствата и малите бизниси ќе бидат поддржани да применуваат добри земјоделски практики без да користата пестициди и други штетни материи и средства, да создадат мали ланци на вредност и да инвестираат во одржливи туристички услуги и производи, соодветно. Проектот, исто така, ќе ја зајакне прекуграничната соработка преку поддршка на создавањето нова визија за одржлив развој на регионот на Преспанското Езеро.

Проектот ќе се фокусира на четири важни области на поддршка и тоа во заштита на биодиверзитетот, во борбата против загадувањето на водата и почвата, во одржливи деловни и прехранбени системи во руралните области и во поттик и развој на прекугранична соработка.

Од очекуваните резултати вреди да се напоменат решенијата за предизвиците поврзани со земјоделството и туризмот за да имаат позитивно влијание врз вредните природни ресурси на регионот, особено на Преспанското Езеро преку намаленото истекување штетните води од земјоделството и подобрените капацитетите на земјоделците, на правните и на физичките лица активни во туризмот и локалната самоуправа на општина Ресен.

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации, Армен Григорјан, денеска во општина Ресен ќе остварат средба со градоначалникот Јован Тозиевски, со што ќе биде означен почетокот на овој долго очекуван проект.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново