Според досега непотврдени информации, причина за глобалниот колапс на интернет комуникациите е предизвикан од компанијата за сајбер безбедност Crowdstrike, која произведува антивирусен софтвер, пишува БиБиСи.
Според информациите најновото ажурирање на софтверот, јавува БиБиСи „тргнало ужасно погрешно и ги нарушува уредите со Windows – што го поттикна таканаречениот син екран на смртта“ на компјутерите.
Од БиБиСи се прашуваат, дали овој софтвер или некоја друга совршена електронска бура од две големи работи кои се случуваат истовремено – сè уште не е јасно, но едно е сигурни, што и да е, предизвика огромен хаос во светот.
Од БиБиСи контактирале со Crowdstrike за одговор, но оттаму сè уште нема одговор.
Бидејќи колапсот ги зафатил уредите со оперативниот систем Виндоус на Мајкрософт, компанијата соопшти дека презема „акции за ублажување“ на проблемите пријавени од корисниците, кои предизвикаа технички проблеми и прекини во функционирањето на компаниите и банките ширум светот.
Компанијата истражува прашања поврзани со обезбедувањето на клауд услугите во САД, како и проблем што влијаеше на неколку нејзини апликации и услуги, се вели во соопштението.
Во Австралија, голем број банки, медиуми и авиокомпании известија дека се изложени на масовен ИТ напад и нарушување на комуникациите. На аеродромот во Сиднеј откажани се летови, во супермаркетите е хаос, а нарушени се и програмите на ТВ мрежите поради дефект на компјутерските системи и графиката.
Само неколку часа пред Австралија, неколку американски авиокомпании исто така пријавиле дека морале да ги откажат или одложат летовите поради проблеми со ИТ-врските.
Причината за нарушување на ИТ секторот не е јасна, но многу засегнати го поврзаа со оперативните системи на Мајкрософт. Компаниите како што се Џетстар и Вирџин Ерлајнс пријавија проблем во врска со Мајкрософт.
Банките и фирми како Телстра и Гугл, исто така, регистрираа тешкотии.
Проблеми имаше и со летовите на аеродромите во Берлин, Шпанија, и со сите летови на американските компании, меѓу кои и Делта јунајтед и Американ ерлајнс.