Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски не ја кажува вистината, Реформската агенда за Планот за раст ја заврши претходната влада

Дали за актуелната влада се прифатливи проектите и приоритети утврдени во Планот за раст е едно прашање и тие може да се „дотеруваат“ во фазата на усогласување со Европската комисија. Како такво може да се земе идејата на новата влада финансиите за пругата на Коридорот 8 да ги пренасочи на пругата на Коридорот 10. Со тоа оваа Владата на Мицкоски јасно да става до знаење дека за неа е поважно транспортното поврзување со Унгарија, отколку со Бугарија и Албанија по коридорот од Бургас до Драч. Тоа е легитимна одлука како определба на една владина структура, иако од политички аспект тоа отвора многу прашања зошто баш сега и зошто со еден ваков потег да се стави допоплнителна неизвесност на поврзузвањето исток-запад.

Зоран БОЈАРОВСКИ

Во последниот настап на Топ тема на ТВ Телма, на забелешката дека Северна Македонија е пред шанса да добие 700 милиони евра од ЕУ од вкупната сума определена за држвата со Планот за раст, премиерот Мицкоски вели: „За две недели, министерството за европски прашања, заедно со МНР, заедно со Сања Божиновска, Александар Николоски, Гордана Димитриевска Кочовска, Стефан Андоновски итн, го завршија нашето досие, коешто претходната влада, претходната година не го направила“.

Ова едноставно – не е точно.

Медиумскита записи сведочат дека на 18 април, Секретаријатот за европски прашања и Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (УНОПС) која беше консултант во процесот, одржаа брифинг за новинарите на кој информираа за завршениот процес на подготовка на Реформската агенда на Северна Македонија како услов за активирање наинструментот на Планот за раст, што за целиот Западен Балкан изнесува 6 милијарди евра, ќе се реализира во периодот од 2024 до 2027.

На брифингот беше соопштено дека два дена претходно, односно на 16 април, Владата на ја усвоила Нацрт реформската агенда 2024-2027 во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан. Ажурираната Нацрт реформска агенда била споделена со Европската комисија со цел усогласување на листата реформски приоритети и мерки, со конкретни рокови предложени од македонска страна.

Од СЕП и од УНОПС беше речено дека усогласувањето на Нацрт реформската агенда меѓу Северна Македонија и ЕУ ќе продолжи и во наредниот период и дека финалната верзија на Реформската агенда ќе биде усвоена најдоцна до средината на мај 2024. По утврдувањето на финалната верзија на Реформската агенда и усвојувањето од ЕК ќе се отвори можноста за потпишување на договорите за инструментот за реформи и раст и за заем и со тоа поднесување Барање за повлекување на првата транша, односно за авансот во висина од 7 проценти од алокацијата за нашата држава, од вкупно 850 милиони евра.

На 7 мај, Советот на ЕУ, како последна инстанца, ја одобри Регулативата за формирање на Механизмот за реформи и раст за Западен Балкан, по што остана таа да биде објавена во Службениот весник на Унијата, што е само административна формалност.

Сето ова појаснување беше неопходно да се истакне дека не е точно тврдењето на Мицкоски дека „за две недели, министерството за европски прашања, заедно со МНР, заедно со Сања Божиновска, Александар Николоски, Гордана Димитриевска Кочовска, Стефан Андоновски итн, го завршија нашето досие, коешто претходната влада, претходната година не го направила“.

Таа работа веќе била завршена, а сосема друго е дали за актуелната влада се прифатливи проектите и приоритети утврдени во неа од страна на претходната влада. Впрочем, тоа е прашање кое е опфатено со фазата на усогласување со Европската комисија. Како такво може да се земе идејата на новата влада финансиите за пругата на Коридорот 8 да ги пренасочи на пругата на Коридорот 10. Со тоа оваа Владата на Мицкоски јасно да става до знаење дека за неа е поважно транспортното поврзување со Унгарија, отколку со Бугарија и Албанија по коридорот од Бургас до Драч. Тоа е легитимна одлука како определба на една владина структура, иако од политички аспект тоа отвора многу прашања зошто баш сега и зошто со еден ваков потег да се стави допоплнителна неизвесност на поврзузвањето исток-запад.

Но, тоа е веќе некоја друга тема која заслужува многу повеќе место и за која треба дополнителни експергтски и политички експликации.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново