Бисера Поповска, Ангелина Серафимовска од Технолошко-металуршкиот и Природно-математичкиот факултат и Надица Десанова од Машинскиот факултет, се тимот BioHide и победнички во премиерната сезона на првото реално шоу за стартапи Founder games реализирано од компанијата Нетворкер со поддршка од Халк Банка.
Тие креираа нов еколошки и одржлив материјал наменет за модната индустрија – био кожа, за која сега се открива дека има потенцијали да биде применлива и во многу други индустрии.
Една од наградите од натпреварите за иновативност вклучува и патување во САД, каде што ќе заминат во септември на бизнис состаноци со нивни потенцијални соработници, клиенти и инвеститори. Таргет настан им е Climate Week каде ќе присуствуваат дизајнери, уметници и производители кои работат со одржливи материјали.
Со Бисера, Ангелина и Надица за Рацин.мк разговараше Александра Тодоровиќ.
Како дојдовте до идејата за производство на биокожа од комбуха и што ве инспирираше да ја започнете оваа иновација?
Надица Десанова, Машински факултет, отсек Мехатроника: Сѐ почна од кујната на баба и на Бисера, баш долу, бевме сите собрани и видовме како го суши скобито, тоа е талогот што се прави во процесот на правење на комбуха, тоа е процесот на ферментцијата и баш се шегувавме, замисли ташна од ова, изгледаше на кожа, оттаму почнавме малку да размислуваме, имавме пристап до лабараторија, рековме ајде да го разгледаме ова посериозно, па доаѓаше еден натпревар biohack my world, каде прв пат настапивме и оттаму почна сѐ.
Како вашето различно академско и професионално искуство (ПМФ, Технолошки факултет и Машински факултет) влијаеше на развојот на BioHide?
Надица Десанова, Машински факултет, отсек Мехатроника: Со Ангелина се дружиме од основно, а со Бисера сме од средно најдбри другарки и така бевме веќе ние друштво што го виде овој концепт и одлучивме да го прошириме.
Од Биби беше идејата, од Ангелина беше упорноста а јас би рекла дека бев храброст.
Како се создава биокожата од комбуха, од почетниот процес до финалниот производ?
Бисера Поповска – Технолошки факултет, отсек Биохемија: Целиот процес е многу едноставен, користиме чај, користиме шеќер и целата поента е тоа да се инкулира, да се додаде таа габа или бактерија, тоа скоби што се нарекува, што е симбиотска култура на бактерии и габи, кога ќе го ставиме тоа се храни со шеќерот и расте, ние сѐ што треба да внимаваме е тоа температурата да биде како што треба и да не го поместуваме, и по,да речеме, седум дена треба да се појави слој, кој што ќе биде доволно дебел, зависно што сакаме ние да направиме од тоа, бидејќи од таа комбуха, можеме да направиме повеќе материјали и во зависност од тоа гледаме количината на шеќер што ја ставаме, количината на чај, колку брзо сакаме да ни порасне и така натаму. И потоа кога ќе порасне тоа, го вадиме, го миеме, бидејќи има шеќер, мора да го тргнеме шеќерот, зависно од тоа дали сакаме да го обоиме во некоја боја или не, најчесто користиме природни бои и потоа го сушиме и го третираме специјално ние што го имаме направено за премачкување кое што исто гледаме да е биоразградливо, најчесто е кокос, масло од кокос за да даде еластичност или пчелин восок за да даде водоотпорност.
Какво значење имаат за вас наградите што ги освоивте и како тие ви помогнаа во развојот на вашата иновација?
Ангелина Серафимовска, Природно математички факултет, отсек биохемија и физиологија: Сите тие биле многу важни искуства за нас, сепак трите доаѓаме од повеќе научен свет, не толку бизнис и низ сите тие натпревари, програми без разлика дали сме земале прво, второ, трето имаме научено многу.
Досега имаме добиено, тепавме за најдобар пич на Demo Day, тоа големото, на Преда програмата, Рајс програмата, Арно инкубаторот земавме финансиска награда, грант од 3000 евра, земавме исто така за зелени идеи, поминавме на државното, сега ќе одиме на регионалното во септември за награда од 10 000 евра и покрај тоа земавме прво место на Founder Games, со што ќе ни овозможат прилика да одиме во Америка, да зборуваме со посериозни инвеститори.
Кои се најголемите придобивки од кожата од комбуха во споредба со кожата од животинско потекло?
Ангелина Серафимовска, Природно математички факултет, отсек биохемија и физиологија: Има многу придобивки, најважните би кажала дека е тоа што е целосно етички произведено без никакво насилство врз било какво животно, а и покрај тоа ако гледаме од малку по еколошки аспект, четири метри квадратни спасуваат околу сто кила метан само од кравите. Тие се целосно биорааградливи, дури ако го фрлиме ова и ако слета во земја, ќе и направи поубаво на самата почва, немаме никакво загадување со тоа што иднината ја гледаме многу посветла
Со тоа што сме zero waste, немаме никаква отпадна вода, во целиот процес, покрај биоматеријалот ние имаме и пробиотичен чај, тоа освен како чај, како традиционалната комбуха што сите ја знаеме, може да се имплементира во многу индустрии, може да оди во индустријата за чистење, може да оди во козметичка индустрија и самиот материјал не мора да е одма само во модната индустрија, туку и во индустријата за миленици како пробиотици, како играчки, така што има импакт во многу индустрии
Графика: Идни планови?
Надица Десанова, Машински факултет, отсек Мехатроника: Идни планови ни се нормално да го прошириме производството, тоа ни е прв milestone, со грантот сега што треба да го добиеме од ГИС, планираме поголемо производство во Ресен, имаме земено и простории така што сега сме во процес на селење, researching development и следната година мислам дека ќе дојдеме до краен продукт.
Графика: Дали сметате дека ова е револуција?
Надица Десанова, Машински факултет, отсек Мехатроника: Да, да, мислиме дека биоматеријалите се револуција на новиот свет и дека како што доаѓа времето, светот сѐ повеќе ќе се насочува кон биоматеријали, биокожа, биопластика.
Ангелина Серафимовска, Природно математички факултет, отсек биохемија и физиологија: Нашиот бизнис функционира така што ние поддржуваме циркуларна економија и сите состојки како што се чај, шеќер, тоа го зимаме од нашите локални земјоделци, мали маркети, со тоа што голем дел од тој грант ќе оди на материјали и на контејнери за малце повеќе да можеме да произведуваме за почеток.