Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Собранието ги изгласа измените на законот за урбанистичко планирање, „О2 Иницијатива“ бара Сиљановска-Давкова да не го потпишува указот

Со 64 гласа ЗА и 11 против експресно беа изгласани измените на законот за урбанистичко планирање.

Единствен кој се појави на собраниската говорница беше министерот за транспорт и предлагач Александар Николовски кој образложи дека измените се носат по скратена постапка поради јавен интерес, бидејќи поедноставно и со помалку процедури ќе можат да се градат училишта, болници, градинки, како и катни гаражи, а посочи дека ќе се одглават и 600тини ДУП-ови кои со години биле заглавени во процедури.

Претходно, законот помина и на комисиска расправа, без амандамни, а Николоски соопшти дека за предложените законски измени добил поддршка и од ЗЕЛС.

Пратениците од опозицијата не говореа, а единствено со ставови против беа од невладината О2 иницијатива кои учествуваа на седницата, на повик на минстерот..

Според нив, измените се носат без јавна и стручна дебата, што е спротивно на интересот на граѓаните.

Откако претходно реагираа за последиците од измените, „О2 Иницијатива“ сега ја повикуваат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да не го потпишува указот за прогласување на овој закон и да го врати законот на повторно разгледување во Собранието, со задолжителна јавна расправа.

„Овој закон е донесен по скратена постапка, иако последиците од него се огромни и нè засегаат сите. Донесен е без јавна расправа, без консултации со стручната јавност, без објавување на Единствениот Национален Електронски Регистар на прописи на РСМ (ЕНЕР) со можност да се дадат коментари и да се влијае во процесот на негово донесување, без задолжително известување на сите засегнати здруженија на граѓани и невладини организации. Ваков суштински закон чии последици ги трпиме сите не смее да се донесе без јавна расправа и учество на стручната јавност и граѓанските организации“, стои во обраќањето на еко-активистите до претседателката.

Со законот, велат тие, се дозволува повторна изработка на урбанистички планови според стари и неважечки закони и правилници до недоглед, кои за повеќе од 4.5 години не се завршиле.

„Што укажува на проблем со овие планови, штом не се донеле во толкав временски период, а се изработени со несоодветни параметри, зошто во меѓувреме имаме нови податоци од пописот, просторот се изградил, има изградени линиски центри чии параметри не биле вклучени во планирањето, а сепак ги искористиле најголем дел од ресурсите, итн. Според изјавата на министерот за транспорт, бројката е околу 600 вакви урбанистички планови кои не се донеле во изминативе 4.5 години, да продолжат да се изработуваат по стари невалидни закони и правилници и како такви да се донесат и предизвикаат дополнителен хаос во просторот во кој живееме“, се вели во барањето.

Исто така, алармираат активистите, со законот се дозволува изградба на катни гаражи без донесен детален урбанистички план, само со урбанистички проект.

Дополнително министерот Николоски најави и донесување на специјални закони за Општина Центар и О. Карпош со кои ќе се затворат сите прашања со урбанистичкото планирање, односно да се создадат јасни критериуми по кои овие општини во иднина ќе се развиваат, бидејќи поради хаосот, според него, во овие две општини не треба да се казнува целата држава.

Најново