Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Многу да внимаваме ако ни биде дадена можност за избор за Скопје

Васко ЛАЗАРЕВСКИ

Се чини дека ВМРО-ДПМНЕ тргна во пресметка со Данела Арсовска и веројатно ќе се обидат да ја натераат да си поднесе оставка.

Веројатно најпрво Градот ќе изгуби ингеренции врз големите јавни претпријатија, а потоа и Арсовска ќе биде приморана да си поднесе оставка.

Тој што ќе биде поставен за в.д. градоначалник ќе добие дел од 250те милиони унгарски евра и ќе има одлична стартна позиција на локалните избори.

Ќе треба да заборавиме дека ВМРО ја измисли и постави Данела за градоначалничка.

Ќе има нови автобуси, контејнери, ќе се нашминкаат неколку улици и ќе се оди на избори.

Скопје е секогаш во некој вид на судир со централната власт: Скопје има голем буџет, а и најголемите бизниси се тука. Тоа ја прави градоначалничката функција прилично моќна, а и релативно независна од централната власт. Затоа, ќе биде поставен/а личност која ќе биде целосно на линија со централната власт.

Никој не може да каже дали во догледно време ќе се посвети внимание на големите прашања кои се битни за Градот како што се: Новиот ГУП; Реформата на јавниот превоз; Управувањето со отпадот; Нови паркови, дрвореди, зони за рекреација; Европска престолнина на култура; Велосипедски патеки; Изградба на главни сообраќајници север – југ; МКЦ како платформа на независната културна сцена; Енергетска ефисканост; Развој на системот за централно греење и намалување на загадување; Отпорност на климатски промени; Грижа за младите…

*Васко Лазаревски е уредник на Трн.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново