Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На денешен ден се сеќаваме на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ

На денешен ден во 1902 во Прилеп, е роден Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ.

Откако ја одбил соработката во бугарските власти во окупираниот Прилеп во 1942 година бил осуден на затворска казна и бил интерниран прво во селото Мелница, близу бугарско-турската граница, а потоа во логорот „Чучулигово“ во околината на Петрич во Бугарија.

На повик на Главниот штаб на НОВ во 1943 година се приклучува на народното ослободителната борба и набргу еименуван е за член на Главниот штаб, а по основањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ станува негов претседател.

Како дел од Одборот учествува во подготовките и организацијата на свикувањето на АСНОМ. На почетокот од мај 1944 година тој, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржува на 24 јуни при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.По враќањето на делегацијата од Вис, се привршуваат подготовките околу АСНОМ и на 2 август се одржува Првото заседание. На него Ченто е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија).

Поради несогласување со некои ставови на тогашниот режим на ДФ Југославија, во 1946 година, со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години.

Методија Андонов Ченто починал во Прилеп, на 24 јули 1957 година.

Долги години по смртта, Методија Андонов-Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети. Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов-Ченто, е обновен судскиот процес против него и на 22 октомври, по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година.

На 22 октомври 2010 година, претседателот на Република Македонија посмртно го одликувал Ченто со „Орден на Република Македонија“, орден кој го имаат само поранешните претседатели на Македонија и три реномирани македонски институции.

Зачлени се на нашиот е-билтен