Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Краби во Охридско езеро и на шеталиштата

Слатководна краба во Охридско, Фото: Деница Бојаровска
Слатководна краба во Охридско, Фото: Деница Бојаровска

И ова лето посетителите во Охрид, во езерото и неговото крајбрежје, можеа да забележат краби.

Иако првичните реакции се дека ваков тип на водно животно не се очекува да биде видено, слатководната краба не е невообичаено за овие предели.

Според биолозите појавата на зголемен број на слатководната краба е најверојатно резултат на намалената популација на езерскиот рак, кој во осумдесетите години речиси исчезна од Охридско Езеро.

Во една изјава за порталот СДК.мк, охридскиот биолог проф. д-т Трајче Талевски крабите од овој вид „го завзеле ареалот на живеење на езерскиот рак“.

„Генерално, крабата живее во потоци, реки и езера каде се засолнува под камења или меѓу вегетација, или пак се одмора во јами вкопани во тлото, јамите се до 50 см длабоки и во нив има вода само на дното. Најактивни се во периодот помеѓу мај и октомври, по што (на пример, од ноември до февруари) се помалку активни и хибернираат или во природни засолништа или во јами”, вели охридски биолог проф. д-р Трајче Талевски.

Слатководната краба (Potamon fluviatile) е широко распространет и освен што се среќава во Охридското Езеро, се среќава и во слатките води на Италија (особено западна Италија), на Малтешките Острови, на Балканскиот Полуостров (Хрватска, Црна Гора, Македонија, Албанија) и Грција (западниот дел на копното на Грција, јонските острови и западноегејските острови).

Според постоечките закони во Република Северна Македонија раковите се забранети за лов, па оттаму и апелот да не се ловат.

Слатководна краба на фотографијата е снимена на шеталиштето во Охрид во близина за Кампот за обука на вода на АРМ.

Фото: Деница Бојаровска

Зачлени се на нашиот е-билтен