Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Стружани се кренаа: Казината и обложувалниците подалеку од децата

Да се затворат сите казина и обложувалници во Македонија, велат стружани на протест по последниот обид во градот да се отвори уште едно казино  на околу 200 метри од  градинка и основно училиште.

Тие револтирани од најавата за изградба на ново казино во градот во непосредна близина на училиште и факултет бараат државата да го ограничи нивниот број и локациите.

Иако поднеле барање до општината по краток застој изградбата продолжила, но велат дека ќе продлжат да протестираат до затворање на објектите за игри на среќа.

Старосната граница се спушта, велат стружани, а коцкањето станува порок и на деца од 13, 14 годишна возраст, зашто коцкарниците им се премногу достапни.

Само во Струга има околу 50 тина коцкарници и обложувалници.

Штетите и последиците се големи, а состојбата станува алармантна, реагираат стружани и велат на секој чекор може да се сретнат обложувалници и казина во градот.

Најново