Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Импресии од една депресија

Илустрација преземена од Извештајот од следењето на соодветната и правична застапеност во јавниот сектор на ЦУП
Илустрација преземена од Извештајот од следењето на соодветната и правична застапеност во јавниот сектор на ЦУП

Укинувањето на алатката за соодветна и правична застапеност, т.н. Балансер, од страна на Уставниот суд, со што реално се дозволува постоење на состојба на фактичка несоодветна и неправична застапеност на етничките заедници, е прикриен шовинизам.

Љуан ИМЕРИ*

– Укинувањето на алатката за соодветна и правична застапеност, т.н. Балансер, од страна на Уставниот суд, со што реално се дозволува постоење на состојба на фактичка несоодветна и неправична застапеност на етничките заедници, е прикриен шовинизам.

– ВМРО-ДПМНЕ се однесува кон албанскиот партнер во власта на ист начин како што албанскиот партнер од власта се однесуваше кон СДСМ – постојано ги понижува! Тоа што СДСМ беше понижено силно го врати ВМРО-ДПМНЕ на власт. Многу е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати ДУИ на власт и тоа посилно од било кога!

– Не им е лесно на ВЛЕН. Тие доаѓаат на власт по партија која имаше „Албанец за премиер“ и што уште не. ВЛЕН имаат незначајна улога во власта (и поради бројките и според добиените позиции во власта).

– Оваа владејачка елита веќе си обезбеди алиби за сопствените сегашни и идни неуспеси – Бугарија! Можеби сепак имаме уште малку време да дозволиме овие уставни измени да бидат само техничка операција и да ги почнеме преговорите со ЕУ. Можеби сепак можеме нешто да направиме и да не дозволиме уште повеќе да се политизира ова прашање, туку да водиме конструктивна дебата и да изнајдеме решение што ќе биде во интерес на добросостојбата на граѓаните.

– Дебатата и сугестиите од експертите не одат во насока на придобивките или што би изгубиле од внесувањето на македонските Бугари во Уставот и какви последици ова може да предизвика.

– Да ги потсетам најгласните професори, противници на ЕУ, дека во последните десет години, бројот на студенти во земјава се намалил за околу 7.000. Голем број од нив веројатно се веќе во ЕУ или, замислете, земале бугарски пасош и избегале во ЕУ.

– Моите сограѓани ги мачи сиромаштијата и неправдата. Ги мачи тоа што (о)стануваат „невидливи“ за државата поради својата припадност на одреден етникум, пол, сексуална ориентација, религија или социјален статус. Ги мачи тоа што упорно се оди кон глорифицирање на колективите, а индивидуата станува безначајна.

*Љуан Имери е мировен активист и борец за човекови права. Повеќе од 20 години е активен во граѓанскиот сектор како во Република С. Македонија така и во регионот преку Центарот за човекови права и разрешување конфликти. Вработен е во ИСППИ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Од неодамна е избран за регионален претставник за Европа и Централна Азија и член на Бордот на Aflatoun International со седиште во Амстердам, Холандија. Има магистрирано на менаџмент за човечки ресурси. Неговата специјалност се темите од областа на човековите права, мировниот активизам, мултикултурата, и социјалното и финансиско образование.

Зачлени се на нашиот е-билтен