Да го оставиме настрана тоа што толку нескромно и безобразно претнециозно вели дека има разлика од „пред мојата посета таму“, но само ако ги спротивставиме неговите со ставовите на министерката за надворешни работи на Германија, многу очигледни се пораките на кои не може да се изгради оптимизам.
Зоран БОЈАРОВСКИ
По втор пат откако се врати од Берлин повторува дека е поголе оптимист откако се вратил од таму во врска со продолжува на процесот на интеграцијата на нашата земја во ЕУ.
– Имавме посета која ме направи поголем оптимист отколку што бев пред посетата. На маргините за време на работниот ручек, но и другите состаноци што ги имав таму, гледам дека има иницијативи, кои ги спомна и германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на прес-конференцијата со министерот за надворешни работи и надворешна троговија Тимчо Муцунски и мислам дека се она што го водев како разговор и добив како порака и испратив има додадена вредност ако се спореди со состојбата пред мојата посета таму, вели Мицкоски.
Да го оставиме настрана тоа што толку нескромно и безобразно претнециозно вели дека има разлика од „пред мојата посета таму“, но само ако ги спротивставиме неговите со ставовите на министерката за надворешни работи на Германија, многу очигледни се пораките на кои не може да се изгради оптимизам.
Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок по средбата со македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Берлин јасно порача: Северна Македонија мора да ги почитува компромисите.
– Вметнувањето на бугарското малцинство во вашиот Устав е последниот чекор за отворање на првиот преговарачки кластер со ЕУ, порача Бербок.
Од друга страна Мицкоски во Скопје исптраќа други пораки, ама за граѓаните:
„Мојата порака до граѓаните е дека однесувањрто на оваа Влада и мене како премиер, ќе разочара една група луѓе, а тоа се опозицијата. Но да бидат сигурни дека никогаш, ама никогаш и по никоја цена нема да ги изневерам очекувањата на граѓаните, ниту да ги напуштам одредниците кои значат интерес на огромно мнозинство македонски граѓани, а тоа е одбрана на националнте интереси и интеграција на земјата во рамките на Европската унија“
Но Бербок како да го предвидела ова однесување на Мицкоски и нејзините зборови од Берлин се навистина антиципаторски:
„Честопати во политиката се потценува колку е важно лидерството. Важните чекори, меѓу нив и интегративните процеси, секогаш успевале кога политички одговорните имале храброст и покрај негативната општествена атмосфера да го сторат најдоброто за нивната земја. Ние, како Германија, сакаме да помогнеме тоа да се случи и во прашањето на Северна Македонија и Бугарија“.
Според неа, во случајот на Северна Македонија не станува збор за неправда, туку за почитување на правилата на ЕУ.
Оттаму сосема очекувано е од Мицкоски да одбие да го коментира брифингот на специјалниот претставник на Германската Влада за Западен Балкан, Мануел Сарацин дека во Берлин биле одбиени македонските предлози.
Наместо да одговори дали е точно тоа или не, тој продолжува со политичките пафлети од типот „ќе продолжиме да ги решаваме проблемите дома, но ќе се бориме надвор со сите сили“.
Но, во неговите одговори, кои секако треба да се читаат меѓу редови, се препознаваат последиците и препораките што ги добил во Берлин. И на средбите за време на Берлинскиот процес и на средбите во бундес владата на Германија.
Затоа вели дека сега има дилема дали да го испрати писмото што го најавуваше за чија содржина ветуваше дека ќе биде доволно убедлива за да ги прифати неговите барања за одложена примена на уставните измени.
Кога ќе се сумираат работите вака прегледно, јасно е дека има огромна разлика од декларативните и популистички изјави, како и од неговите толкувања на средбите во врска со евроинтегративниот процес, споредено со она што на отворена говорница и нему и на македонската јавност ни го порачуваат европските дипломати.
Оттаму, кого, вусшност, замајува Мицкоски?!? Не поминува тоа.