Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО: Дали МРТ не го препознава бугарскиот како различен од македонскиот јазик?

По три години живот во мал кафез во Зоолошката градина во Штип, младото мече Теди во 2020 година заминува на подобро место, сместено е во соседна Бугарија, во „Паркот на танцувачките мечки” во Белица, резерват кој го финансира Фондацијата Брижит Бардо и „Четири шепи”, на огромна површина и во соодветни услови.

Мечето Теди живееше во нехумани услови во мал кафез во Зоолошката градина во Штип, каде што страдаше од депресија и се самоповредуваше.

Добро е што преку емисијата „Радиус“ која се емитува на Националниот сервис, првата програма на МРТ, дознавме дека мечето сега е во добра состојба и дека ужива во паркот, но во епизодата која беше емитувана во неделата 20 октомври, во 18 и 30 часот забележавме дека при интервјуто на една од спасителките кои се грижат за животните нема превод од бугарски на македонски јазик.

Не знаеме дали се работи за пропуст или пак за намерно непрепознавање на разликите на јазиците, сепак, според праксата и законот за употреба на јазици при емитување емисии во кои се говори на странски јазик, на јавниот сервис потребно е да се користи превод, односно титлување на официјалниот јазик во земјава, а тоа е македонскиот јазик.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново