Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Црни искри од „ѕвездите“ на ЕУ: Земјата стагнира во унапредувањето на родовата еднаквост

Извештајот на Европската комисија посочува дека жените во земјата се значително помалку активни од мажите на пазарот на трудот и дека пазарот на трудот во Северна Македонија продолжува да се соочува со структурни проблеми, вклучително и голем родов јаз и дека земјата треба особено да продолжи да спроведува стратегии за активирање на пазарот на трудот за жените.

Лиридона БЕЌИРИ

Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија ги отфрла сите стилизирачки „излози“ на креирање политики на нејзината национална рамка на политики за интеграција на родовата еднаквост и усогласување со правото на ЕУ.

Проценката на овој статус низ објективот на клучните показатели за доброто владеење и принципите на либералната демократија открива вознемирувачка реалност. Како општество и како држава, ние постојано не успеваме да ја зачуваме родовата еднаквост, одразувајќи го поширокиот глобален тренд на зголемена ерозија на недовербата во нашата посветеност на оваа витална кауза. Општите општествени процеси, со акцент на политичките, претрпеа своевидна депресија, предизвикувајќи стагнација, ако не и уназадување, во однос на унапредување на положбата на жената во државата.

Доброто владеење се мери со транспарентност, отчетност, учество и инклузивност. Меѓутоа, кога станува збор за родовата еднаквост, овие индикатори нагласуваат значителни празнини. Жените остануваат недоволно застапени во улогите на одлучување, и во владата и во приватниот сектор. Овој недостаток на застапеност води кон политики кои не ги опфаќаат целосно потребите и грижите на половина од населението, а политичката класа во овој поглед го изгуби кредибилитетот. Ние сме среде политички противречности каде што се појавуваат политичари со двојни стандарди и овој став не само што го поткопува интегритетот на политичкиот дискурс, туку и ги овековечува штетните стереотипи против жените и го попречува напредокот кон еднаквост.

Жените често се фатени во мрежа од очекувања и ограничувања обликувани од општествените норми кои даваат приоритет на традиционалната политичка машкост. Ваквиот политички шовинизам со сексистички пристап кој вбризгува еквивалент на насилство врз жените во општеството во која било форма, дефинитивно испраќа порака дека мизогинијата е присутна. И секогаш е така, мажите најчесто ги нарекуваат маани квалитетите на жените кои самите ги немаат!

Нетрпеливоста на машките политичари кон женскиот интелект со години негува и унапредува консумеристичка култура, каде жените се плен на нивните физички благодати и невкусниот говор, што го храни нивното его и чувството за придобивки.

Политичките авантуристи кои пуштаат корени, секогаш постојат, понекогаш дури и се корисни или барем служат како пример за тоа што не треба да бидат политичарите, но тие мора да се искорени бидејќи го оштетуваат јадрото на демократијата и ја поттикнуваат несигурноста на жените да придонесат и да бидат вклучени.

Овој феномен, кој доминира во нашите политички, културни и интелектуални елити, ги тера сместените пролетери и аривисти да го дефинираат моделот на живеење практикувајќи целосно антиженско држење и континуирано да ги докажуваат неевропските вредности.

Понатаму, Извештајот посочува дека жените во земјата се значително помалку активни од мажите на пазарот на трудот и дека пазарот на трудот во Северна Македонија продолжува да се соочува со структурни проблеми, вклучително и голем родов јаз и дека земјата треба особено да продолжи да спроведува стратегии за активирање на пазарот на трудот за жените. Економското зајакнување на жените е главниот предуслов за унапредување на родовата еднаквост. Кога гледаме на женската економија како животна траекторија, препознаваме дека жените не се само даватели или чувари на услуги; тие се поединци со аспирации, таленти и потенцијал. Овој холистички поглед вклучува образование, развој на кариера и личен раст, признавајќи дека економското зајакнување е тековно патување кое трае цел живот

Оттука, барањето за родово буџетирање вклучуваа проценки на родовото влијание, што им олеснува на  креаторите на политиките да бидат одговорни за нивните заложби за родова еднаквост. Кога буџетите ги одразуваат потребите на сите родови, гледаме подобри социјални и економски резултати.

Усогласувањето со овие стандарди не е само бирократска вежба, тоа е суштински чекор кон осигурување дека нашите политики ги рефлектираат најдобрите практики и меѓународните норми, прифаќајќи дека родовата еднаквост може да коегзистира со културниот интегритет, поттикнувајќи општество кое ја почитува различноста додека промовира правда.

Земјата има потреба од лидери кои прифаќаат чувствителност, соработка и почит, лидери кои ја имаат на ум масовната интеграција на жените во интеракцијата, а не обврската, лидери кои го отвораат патот до успехот на жените со тоа што ќе ги остават да бидат слободни во идеологијата и не ги потчинуваат, лидери кој ќе ја едуцира масата за зајакнување на жените со тоа што ќе го осуди насилството врз жените и истото нема да го романтизира, лидери кој ќе ги лиши насилството од оправдувачката сентименталност и кој нема да ги трансформира овие криминални дела во злосторства од страст, лидери кои веруваат во моќта на знаење, лидери кои не се искушувани од туѓото потчинување, лидери кои бараат одговорност кога ќе му се нанесе штета на својот народ и конечно лидери кои ја гледаат оваа земја како дел од европското семејство! Но, од сета оваа реалност, јас тежнеам да верувам дека лидерите ретко биле натпросечни, и морално и интелектуално, во изборот на своите сопатници во областите на родовиот напредок и не само.

Родовата еднаквост може да стане политичка алатка. Некои политичари можеби се залагаат за родови прашања кога тоа им служи на нивната агенда, но брзо се повлекуваат кога ќе се соочат со опозиција или кога тоа е политички незгодно. Оваа недоследност го поткопува вистинскиот напредок и ја нагризува довербата меѓу конституентите кои бараат вистинска промена. Додека западните демократии успеаја да ги консолидираат родовите права и истите да станат дел од нивните системи и корпусот на вредности што тие ги пренесуваат, во нашата држава жените немаат прогресивна, афирмативна позиција, туку имаат тивка, речиси маргинална и непостоечка позиција во во сите димензии на вклучување. Оттука, присуството на мал број бучни жени ги тера мажите да го негираат постоењето на проблемот. Во годишниот извештај за Северна Македонија, Европската комисија упати бројни критики за немањето резултати во повеќе области, особено во судството, борбата против корупцијата, неисполнувањето на обврската за одобрување уставни измени и екстремната поларизација на политичката сцена.

Зачлени се на нашиот е-билтен