Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Андонов: Приоритетни бенефити од Чебрен се заштитата од поплави, регулација на речното корито на Црна река и снабдување со вода

„Првичниот бенефит од Чебрен е заштита од поплави, регулација на речното корито на Црна река, потоа сега заради климатиските промени уште поизразена ќе биде потребата од вода. Генерални бенефити, тоа се приоритетните“ изјави директорот за развој и инвестиции во ЕСМ, Виктор Андонов во „Утрински печат“.

Тој додаде дека тоа се генералните бенефити од Чебрен уште од проектирањето на оваа електрана во седумесетите години.

„Главните придобивки за Чебрен кога бил проектиран како голема ХЕ биле токму тие. Секако водата се користи за производство на електрична енергија и како таков еве повеќе од 50 години зборуваме за сериозни анализи, една од најголемите која е правена во текот на 75-та година е интегрален развој на реката Вардар е направена од американски конзорциум“ рече Андонов.

Тој додаде дека од почетокот на деведесетите, па до денес, тенденција на сите влади и на целото управување со Чебрен е да се додели на приватен концесионер.

„Во сите анализи Чебрен е исплатлив доколку продава цена во највисоките побарувања, тогаш  цената е највисока“ рече Андонов.

Тој додаде дека идејата за проектирањето на Чебрен отсекогаш била да се продава струја по најскапа цена, а да се купува навечер кога има вишок во термоелектраните и е поевтина.

„Проектираниот временски период за изградба е околу 7 години, но се зависи од инвеститорот. Концесијата е дадена на 60 години согласно законот за води“ рече Андонов.

Тој објасни дека обврска на инвеститорот е да ја изгради Чебрен, а државата нема да дава никакви пари, без разлика колку ќе чини изградбата.

„Бидејќи имаше тези еве тие намерно ставиле милијарда за ЕСМ да даде 330 милиони. Тоа не е така. ЕСМ учествува со пристапен пат, изградба на приклучок на мрежа, експропријација на земјиште и студија за животна средина и Тиквеш“ рече директорот за развој и инвестиции во ЕСМ, Виктор Андонов во „Утрински печат“.

Зачлени се на нашиот е-билтен