Арта Биљали-Зендели: Очекувано е да имаме консензуален кандидат за претседател кој ќе добие поддршка од проевропскиот фронт

„Сè уште немаме разговарано на таа тема во партијата, но очекувано е да имаме консензуален кандидат кој ќе го добие мнозинството и од проевропскиот фронт“, рече пратеничката од ДУИ, Арта Биљали-Зендели, во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека сè уште е рано на 8-9 месеци пред изборите да се одржуваат лидерски средби за датумот, бидејќи тоа е само политика.

„Изборите ќе бидат крајот на јуни, крајниот рок е 15 јули. Пред парламентарните избори не очекуваат и претседателските избори, поради тоа нема потреба да зборуваме за нешто пред време“ рече Биљали-Зендели.

Во емисијата, пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски исто така истакна дека кандидатот за претседател што ќе биде предложен од СДСМ и поддржан од проевропскиот фронт ќе биде победник на претседателските избори, а потоа коалицијата предводена од СДСМ, заедно со целиот проевропски фронт ќе победи и на парламентарните избори.

Зачлени се на нашиот е-билтен