Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Не треба да има зголемување на цената на струјата за крајните корисници

„Анализите на ЕСМ и на регулаторот се при крај. Јас сметам дека зголемување на цената не треба да има и ќе направиме сѐ за да нема покачување на цената на крајните корисници“, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за МТВ.

Тој додаде дека оптимизмот му е поради тоа што Владата покажа дека ако подобро се организира целиот систем може да се зголеме производството.

„Тоа што законски требаше да се случи, да се врати ДДВ на 18 отсто може да има влијание, но правиме напори тоа влијание да биде многу мало на конечната цена на струјата“, рече Битиќи.

Имаме побрзо намалување на инфлацијата од еврозоната, очекуваме враќање во нормала

Битиќи одговараше и на прашања за инфлацијата.

„Фактите говорат дека од октомври, кога го имавме пикот на инфлацијата од 19,8 отсто, трендот е на намалување поради мерките, но и геполитичките случувања. Последниот месец имавме инфлација од 11,3 отсто. Овој тренд на намалување на инфлацијата е помал во еврозоната, затоа е оптимизмот дека наскоро ќе стигнеме до едноцифрена инфлација, што укажува враќање во нормала“, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во интервјуто за МТВ.

Тој додаде дека Владата е внимателна бидејќи сепак инфлацијата е главно предизвикана од надворешни фактори како што се енергетската криза и војната во Украина.

Во врска со растот на платите, вицепремиерот Битиќи рече дека главна причина за тоа е што со години државата беше ставана на рамниште со Кина и Индонезија и беше промовирана како држава со евтина работна сила.

„Последицата на таквата политика е ова што се случува денес. Стапката на раст на платите и платите кои се даваат и во јавниот и во приватниот сектор се далеку од реалната потреба на граѓаните. Но за еден ден не може да се промени тоа“, рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека во последните шест години е направено многу за достоинствено плаќање на граѓаните.

Следниот економско-социјален совет ќе биде отворен за јавноста, нудиме методологија за раст на платите

Следниот економско-социјален совет ќе биде отворен за јавноста, нудиме методологија за раст на платите.

„Секој бара поединечно решение за раст на платите, но ние рековме дека ни треба системско решение за сите. Блиску сме до утврдување на методологијата и се закажува економско-социјалниот совет кој ќе биде отворен за јавноста за да се види за што дискутираме“ изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во изјава за МТВ.

Тој додаде дека Владата нуди методологија што ќе биде одржлива, со период на прилагодување, но и јасна цел за тоа до каде ќе стигнат платите во јавната администрација.

„Нема магичен стап, истото го кажав и за време на ковид кризата. Не може да се решат сите проблеми за 24 часа. Треба трпение, дијалог и консензуални решенија кои ќе бидат одржливи“, рече Битиќи.

Вицепремиерот рече дека цела година Владата бара системско решение и дека со синдикатите минатата година ќе се постигнеше решение, доколку тие не го прекинеа дијалогот, бидејќи сметале дека штрајковите се поважни од дијалогот.

Компаниите сега добиваат поврат на ДДВ во редовна постапка, не мора да ни аплаудираат на настани

„Ние не ги тераме коморите да дојдат во Александар Палас и да ни аплаудираат за да им вратиме ДДВ, туку тоа се враќа во реална постапка. Ако некој прави паралели тогаш треба да се потсетиме како беше“ изјави вицепремиерот за економски прашња“, Фатмир Битиќи во интервју за МТВ.

Тој ддоаде дека Владата е тука да ги подджри коморите и дека токму на ниво барање се ставија и домашните и странските инвеститори на исто ниво.

„Фондот за поддршка на овие 1000 компании некогаш беше 0, а сега е преку 30 милиони евра. Можеби имаме одредени неусогласености за брзината на решавање на одредени проблеми, но сепак преку дијалог ги решаваме проблемите“, рече Битиќи.

Вицепремиерот кажа дека минатата година по 25 години беше отворен Законот за царински тарифи, а се отвори и дискусија за даночни реформи, во која беше заклучени дека во моментов нема потреба од промени.

„Дијалогот е клучен за да се најдат одржливи решенија“ рече Битиќи истакна во интерјуто за МТВ вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Зачлени се на нашиот е-билтен