Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бојаровски: Работата на Историската комисија не е услов во процесот, идентитетот е завршена работа и не треба да се злоупотребува за дефокус

Според аналитичарот и новинар Зоран Бојаровски, заблуда е дека работата на историската комисија ќе влијае на процесот.

Во гостувањето во „Само вистина“, тој кажа дека работата на историчарите не е услов според кој Бугарија или ЕУ ќе определуваат за интеграцијата на земјава. Прашан дали Бугарија треба сега да ги спроведе пресудите од Судот во Стразбур или пак да се извини за минатото, Бојаровски одговори:

-Не може тоа да се случи сега, кога се поставуваат на ваков начин работите се ставаат пречки за процесот. Сега треба да се откочи процесот на преговори и да се отвораат кластерите. Паралелата ја правам со Преспанскиот договор. Пред да се донесе Преспанскиот договор не можевме да зборувавме за правата на Македонците во Грција. Но, после пет години има сериозни промени во тој план, има регистрирано Центар за македонски јазик и регистрирана политичка партија во Грција. Моментот сега е да се откочи процесот и да почне Втората меѓувладина конференција, тој процес треба да почне да тече, а потоа ќе отвораме прашања за други аспекти кои се исто така битни, кажа Бојаровски.

Бојаровски вели дека прашањето за идентитетот не треба да го користиме за дефокус.

-Признаен е македонскиот идентитет и јазик, во личната карта на Обединетите нации, во резолуции на најразлични парламенти… Ние сме Македонци со македонски идентитет и тоа прашање треба да го затвориме. Тоа не е проблем во нашата евроинтеграција, кажа Бојаровски.

Тој вели дека еден од аргументите на опозицијата бил дека ќе се загубеле идентитетот и јазикот.

-Велеа дека ќе се спровела бугаризација со внесувањето на Бугарите во Уставот, а потоа кажаа дека ќе ги внесат Бугарите во Уставот, но не под бугарски диктат, истакна Бојаровски.

Процесот за уставните измени сега веќе ќе се институционализира, смета Бојаровски.

-Кога премиерот веќе најави дека предлозите за две недели ќе се најдат во Собранието, после серија најави и лицитации за тоа кога, сега на премиерот не би му личело да лицитира и да не се случи тоа. Претпоставувам многу скоро ќе почне процедурата и постапката во Собранието и процесот ќе се институционализира, кажа Бојаровски.

Според него идеално би било ако се постигнела согласност пред уставните амандмани да влезат во Собранието.

-Постојано имаше повик од власта кон опозицијата да учествува во процедурите за носење заеднички став за прашањето, а она што постојано беше императив на ВМРО-ДПМНЕ е нивниот единствен услов за предвремени избори, вели Бојаровски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира