Бројот на средношколци најмногу се намалил од 2008 до 2016 година

Во последните три години власт на ВМРО-ДПМНЕ, бројот на средношколци се намалувал за 4021 ученици годишно, во време на СДСМ и пред блокадата на опозицијата на европските интеграции, од 2018 до 2021 бројот на средношколци растел за 118 годишно, а по блокирањето на европскиот пат, има нов пад, но значително помал, од 1511 ученици секоја година.

Ваквите бројките само покажуваат дека деструктивните политики на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, но и блокирањето на европските интеграции и иднината на земјата од страна на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица се главната причина за иселувањето на граѓаните.

Фактот што од 2018 до 2021 година, за време на владеењето на СДСМ, зачленувањето во НАТО и отворените ЕУ перспективи бројот на средношколци се зголемил, само укажува дека граѓаните сакаат да живеат во европска земја.

По блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица на европскиот пат, повторно се забележува, иако ублажен, трендот на иселување.

Сумарно земено, за последните три години владеење на ВМРО-ДПМНЕ имаме 12064 средношколци помалку, додека за шест години владеење на СДСМ, намалувањето на бројот на средношколци е 4180, објави на социјалните мрежи Љубомир Шоповски.

Зачлени се на нашиот е-билтен