Историчарот Чепреганов укажува деја „во македонската историографија партиската идеолошка матрица постоеше во периодот до 1991 година. Меѓутоа, ако ја тргнеме идеолошката матрица остануваат фактите неиделогизирани“ и уште додава дека „од 1991 година со независноста таа идеолошка матрица се надмина“.
Анализата со наслов „Историографијата не е „света книга“, треба да се препрочита без страв за македонскиот идентитет“, објавена на Рацин.мк поттикна реакција меѓу историчарите, и редакацијата на порталот одлучи да ја приифати дебатата за ова прашање кое се рефлектира и во еден поширок општествено-политички контекст.

Како продолжение на оваа тема ги пренесуваме ставовите на Тодор Чепреганов, поранешен директот на Институтот за национална историја.
Чепреганов истакнува дека „не постои држава во светот која не настојува да наметне политичко идеолошко влијание на историјата и да ја користи за свои цел, познато како политизирање на историјата“.
– За тоа сме сведоци и денес. Македонско-бугарската комисија е токму тоа. Нова идеолошко политичка матрица во учебниците по историја, а историографите ќе си пишувале историја различна од онаа што тие ќе ја зацртаат во учебниците?!, наведува Чепреганов во својата реакција на тезите изнесени во анализата „Историографијата не е „света книга“, треба да се препрочита без страв за македонскиот идентитет“.
Историчарот Чепреганов укажува деја „во македонската историографија партиската идеолошка матрица постоеше во периодот до 1991 година. Меѓутоа, ако ја тргнеме идеолошката матрица остануваат фактите неиделогизирани“ и уште додава дека „од 1991 година со независноста таа идеолошка матрица се надмина“.
– На македонската историја ѝ се даде потребната национална рамка, како во сите држави. Врз база на дотогашните постигнувања на македонската историографија беа направени и учебниците по историја. Беше напуштена пројугословенската матрица, посочува Тодор Чепреганов.
Во однос на прашањето дали и зошто постои поделеност меѓу историчарите во однос на прашањето за „препрочитување на историјата, Чепреганов вели дека „меѓу поголемиот дел од историчарите во однос на ова прашање нема поделеност. Поделеноста дојде како резултат на формираната комисија“.
– Сигурен сум дека ниту еден историчар не ја застапува тезата дека историјата треба да биде “догма” или “света книга”. Таа е жива материја во однос на откривање на нови документи и нови толкувања. Таа е отворена книга која се пополнува секојдневно, вели Чепреганов на оваа теза од анализата.
Чепреганов во однос на тоа дали на ова прашање влијае стравот од подривање или доведување во прашање на идентитетот нагласува дека „кај историчарите не постои никаков страв од уривање на идентитетот, затоа што историските факти не можат да се негираат колку некој и да сака да врши ‘препрочитување’ на историските факти.
– Стравот доаѓа од политизирани историски комисии кои по политичко партиска задача треба да извршат “препрочитување” и да дадат нова партиско идеолошка рамка, вели Чепреганов.
Во продолжение на неговите ставови за овие прашања, Чепреганов наведува неколку дилеми кои тој ги поставува во форма на прашања како што се: Зошто за новата методологија што ја применуваат членовите на Комисијата не организираат една дебата со своите колеги историчари?!; Учебниците по историја се објавени во 2007 г. Комисијата е формирана 2017. Десет години ниту еден член не излегол со своја критика во однос на учебниците. Дали се просветлија кога станаа членови на политичка Комисија?!; и Што стана со првичната методологија на Комисијата за мултиперспективноста во учебниците?
З.Б.