Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Чита ли некој во ВМРО-ДПМНЕ книги: Франкештајн не е чудовиштето, туку докторот што го создаде

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во обид да биде креативна и во нивното соопштение да направи референца на литература, само го откри нивното непознавање на литературата.

Имено, во соопштение објавено денес тие го ословија Љупчо Палевски Палчо како Франкенштајн, веројатно незнаејќи дека Франкештајн не е чудовиштето, туку докторот кој го создаде.

Инаку Палевски беше своевиден гласноговорник во кампањата на опозициската партија против т.н. „тиранска платформа“, директно поддржана од Кремљ. Неговите јавни настапи тогаш се користеа од пропагандните канали на ВМРО-ДПМНЕ за дискредитација на навестеното парламентарно мнозинство, предводено од Зоран Заев, и за дискредитација на СДСМ.

Палчо исто така лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го ословуваше како добар пријател. По лидерската средба на 4 декември, Мицкоски беше запрашан од новинарите за неговите средби со Љупчо Палевски и какви се неговите врски со него и неговата партија. „Да се задржиме на темата“ и „Убав ден да имате“ беа единствените коментари на Мицкоски на инсистирањето да одговори дали се среќавал со Палевски и за што разговарале на средбите за кои се тврди дека биле три, една во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и две во неговиот дом.

Зачлени се на нашиот е-билтен