Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата

Децата поминуваат премногу време на интернет, а тоа има штетно влијание врз нив, сметаат граѓаните во најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Интересно е што ваквиот став доаѓа од граѓани кои повеќе од две третини велат дека ги користат социјалните мрежи а на интернет дневно поминуваат и по повеќе од 2 часа. 69,4% од граѓаните сметаат дека интернетот негативно влијае врз децата, додека 26,1% сметаат дека има позитивно влијание. Ова прашање го имавме поставено и во ланската анкета и трендот останува сличен иако се бележи благ раст и на оние кои гледаат позитивно но и на оние кои гледаат негативно влијание. Најголемиот дел од граѓаните или 79,6% сметаат дека децата поминуваат премногу време на интернет. Само 10% сметаат дека децата поминуваат соодветно време а има и 5,6% од анкетирани кои се на ставот дека децата поминуваат премалку време на интернет. 86,7% од анкетираните сметаат дека децата треба да имаат ограничено време кое ќе го помимнуваат на интернет, додека само 7,7% сметаат дека тоа не е потребно. 85,1% од анкетираните сметаат дека одредени апликации, игри или социјални мрежи кои не се соодветни за децата треба да се забранат. Најголемиот дел од граѓаните или 25,4% на интернет дневно поминуваат меѓу 1 и два часа. 18% поминуваат под 1 час додека 14,6% на интернет се над 4 часа секој ден. Две третини од граѓаните или 69% рекле дека користат социјални мрежи додека 23,4% рекле дека не ги користат.

Очекувано, најмногу корисници на социјални мрежи, меѓу 85 и 90% има кај граѓаните до 50 годишна возраст. Меѓу оние кои имаат над 60 години социјални мрежи коистат само една третина или 31,6%. Граѓаните најчесто користат Фејсбук. 65,3% од анкетираните рекле дека тоа е нивниотпрв избор. Втор избор за 32,5% од граѓаните е Инстаграм. Се користат и Тик-ток, Икс и Јутјуб. Точно две третини од граѓаните сметаат дека социјалните мрежи имаат негативно влијание врз луѓето, додека 24,3% сметаат дека влијанието е позитивно.

Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници, во периодот од 23 до26 мај оваа година.

Треба да знаете
Moже да ве интересира