Дезинформација на Алфа Телевизија за наводно неоддавање почит од власта на осум години од трагичната вооружена престрелка во кумановско Диво Насеље, објави Фронтлајн.
„Без никакво оддавање почит од власта и Општина Куманово се одбележуваат осум години од трагичната вооружена престрелка во кумановско Диво Насеље, каде животот го загубија осум припадници на македонската полиција“, се вели на почетокот од текстот на Алфа Телевизија со наслов „Осум години Диво Насеље: Годинава никој од Владата и Општина Куманово не им оддаде почит на жртвит“.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како што објавија и повеќе медиуми, на денот на одбележувањето на годишнината од убиството на осумината полицајци во кумановското „Диво Насеље“, положи свежо цвеќе на гробовите на починатите припадници на специјалните полициски единици.
Делегација од МВР, предводена од Спасовски, на денот на одбележувањето на годишнината од убиството на осумината полицајци во кумановското „Диво Насеље“ им одаде почит на Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Жарко Кузмановски и Бобан Ивановиќ.
Рано наутро во 6 од Охрид, од меѓународниот настан со Интерпол, до Тетово, Брвеница, да им се одаде почит на затинатите од Диво Насеље. Министерот @o_spasovski е за секоја пофалба!
Министерот Спасовски, како што е најавено, денеска ќе се поклони и пред спомен обележјата на вечните почивалишта на Горан Илијевски, Исамедин Османи и Љубиша Аранѓеловиќ. Министерот Спасовски на годишнината од убиството и во објава на Фејсбук им оддаде почит на загинатите припадници на МВР во „Диво Насеље“.
„Во мое Куманово, и во целата земја, сите бевме во неизвесност од вооружениот напад во кој животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи –
Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.Нека им е вечна слава! Судските архиви сведочат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“, така што овој крајно вознемирувачки и трагичен настан засекогаш ќе остане во колективната меморија на кумановци како голема траума, а граѓаните од целата држава ќе паметат дека нарачателите не ја остварија својата цел да ја одржат неизвесноста во која режимот ги држеше во заложништво државата и граѓаните.
Хероите живеат вечно! Никогаш да не се повтори!“, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
И градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во објава на Фејсбук им оддаде почит на убиените во „Диво Насеље“.
Аранѓеловиќ, Ивановиќ, Илијевски, Кузмановски, Османи, Самојловски, Серафимовски и Стојменовиќ посмртно се одликувани со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија.
Ј. Ѓорѓиоски / Frontline.mk