Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Џафери: Изборите ќе покажат дали условите за укинување техничка влада се исполнети или не

„Пржинската влада е воспоставена со договорот од Пржино и таму е дефинирано дека од изборите во 2016 и последователно кои и да се избори во иднина предвремени и редовни ќе се применува принципот привремена техничка пржинска влада за да се обезбеди прифатливост на изборниот процес, да биде усогласено учеството на сите во подготовката и спроведување на изборите. Во тој контекст дилемата да или не понатаму е работа којашто треба да се реши и можело да се реши на почетокот на овој или наредниот мандат“, изјави претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, гостувајќи во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Џафери вели дека во ситуација кога има потенцијал за признавање или непризнавање на резултати, со техничката влада нема простор за бегање од резултатите.

„Поопширно ако ги гледаме односите во смисла на статусот на државата, во смисла на достигнувања на државата, и на она кај што сакаме да одиме, можеби се создадени услови да се размислува да се излезе од таа позиција со тоа што треба да се предложи законско решение“, посочи Џафери.

Тој додаде дека имало причина да си остане ваквиот состав и ваква конфигурација на владата.

„Наредните избори ќе покажат дали предусловите се остварени во смила да се отстрани ова решение или ќе покаже дека има потреба да трае и понатаму“, потенцираше Џафери.

Тоа зависи од однесување од политичките субјекти кои учествуваат во изборите.

„Тие ќе покажат во пракса дали се створиле предуслови да се излезе или сме во некој менталитет од 2015,2016 година. Причината за формирање на техничка влада бил процесот што и претходел комбиниран со ситуацијата којашто беше во 2015,2016 година“, заклучи Џафери.

„Според роковникот недела е денот кога треба да се заврши целата постапка за техничка влада согласно Законот за Влада, согласно Уставот и Пржинскиот договор. Информиран сум за она што ќе се случува затоа што сум дел од тие планирања за спроведување на техничката влада. Претседалот на собранието е координатор меѓу властите. Имавме соодветна координација со премиерот за да усогласиме термини, рокови, постапки кои што треба да се спроведат. Постапките ќе следат една по друга. Ќе постапувам согласно прописите од моментот кога ќе настапат моите надлежности“, изјави претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери.

На прашањето дали на Џафери ќе му пречи доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаат за новата техничка влада, тој одговори дека по дефиниција пратеникот е слободен во волјата и во одлучувањето, и додаде дека нема да биде првпат да гласаат или да не гласаат.

„Во два мандати сум избран претседател на собранието. Не менувало ништо во односите наши тоа што гласале или не гласале. Ако се раководиме по таа логика тогаш би требало да ни пречи и фактот кој граѓанин како гласал на избори па да „ловиме во матно“, посочи Џафери.

Тој додаде дека има пропис кој пропишува што е дефиниција на влада.

„Нашето уставно уредување не дозволува спојување на функциите премиер и претседател на собрание и министер со било која друга функција и од таа причина не може да се очекува премиер да врши функција на министер. Имаше пример влада претходна каде што беше предложено во собранието премиер да врши функција министер. Но, откако се исконсултиравме видовме дека е неспоиво и се повлече тој предлог“, заклучи Џафери.

Зачлени се на нашиот е-билтен