Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Една фотографија, двајца поранешни, еден актуелен и една можна идна претседателка на САД

Една фотографија, двајца поранешни, еден актуелен и една можна идна претседателка на САД
Една фотографија, двајца поранешни, еден актуелен и една можна идна претседателка на САД

Овие денови во САД, а предизвика интерес и во светот, како насловна вест доминираше најавата дека една личност кое може целосно да ги ресетира претседателските избори во 2024 година во корист на Демократската партија. Рефлекторите на политичката сцена се свртени кон поранешната прва дама Мишел Обама

Мирјана ВАСИЛЕВА

Овие денови во САД, а предизвика интерес и во светот, како насловна вест доминираше најавата дека една личност кое може целосно да ги ресетира претседателските избори во 2024 година во корист на Демократската партија. Рефлекторите на политичката сцена се сврте кон поранешната прва дама Мишел Обама.

Многумина се скептични дека тоа е реална можност и заради фактот што вакви информации се ширеа и во претходните изборни циклуси, но овој пат таа е поттикната и од изјавата на Мишел Обама која што евентуланиот повторен избор на Доналд Трамп за претседател на САД го оцени како „нашто застрашувачко“.

Сепак аналитичарите велат дека како некој што бил во брак со успешен политичар – поранешен претседател кој влезе во историјата со тоа што беше првиот Афроамериканец избран на таа улога – Барак Обама, Мишел ја опиша победата на Трамп во 2016 година како „директен укор“ за наследството на нејзиниот сопруг, и, веројатно, не е имуна на потребите на Демократската партија да има победнички ривал на Трамп.

Додека не се добие конечна потврда дали Мишел Обама ќе влезе во претседателкатта трка за Белата Куќа, остануваат анкетите на најпопуларни личности на САД во кои таа има рејтинг од 67 проценти, за разлика од минатата година кога поранешната прва дама имаше 55,8 проценти рејтинг на поволност кај Американците.

Мишел Обама е убедливо на првото место на анкетата на жени на кои Американците најмногу им се восхитуваат. Овие статистики секако не се за игнорирање.

До тогаш останува да ја следиме трката меѓу поранешниот претседател Доналд Трамп и актуелниот Џозеф Бајден.

Американците на 5 ноември ќе го изберат 60-тиот претседател на Соединетите Американски Држави во натпревар кој би можел да го задржи актуелниот Џо Бајден на власт до неговата 86-та година. Возраста е неговиот хендикеп зашто од анкета во анкета се покажува дека повеќето гласачи мислат дека демократот е премногу стар за да биде врховен командант, и покрај тоа што неговиот ривал, поранешниот претседател Доналд Трамп, има 77 години.

Трамп дополнително влегува во трката и покрај повеќекратните криминални судења, а многу гласачи се уморни од враќањето на Трамп на гласање со оглед на неговите бројни правни проблеми и хаос во текот на првите четири години на власт.

Како резултат на тоа, велат аналитичарите, не е изненадувачки што бројните анкети покажуваат уште нешто – не сакаат да го видат овој реванш, што уште еднаш го враќа фокусот на Мишел Обама, одноно на трета опција.

Но како и да е во јануари во американските држави започна внатрепартиското гласање за претседателските кандидати, кои ќе се натпреваруваат на претседателските избори во САД во ноември оваа година.

Процесот на пратенички и прелиминарни избори трае речиси шест месеци. После тоа, демократите и републиканците ги одржуваат своите последни партиски конвенции, каде формално се избира претседателскиот кандидат на партијата.

Претседателот Џо Бајден победи на претседателските прелиминарни избори во Јужна Каролина, неговата прва формална победа во изборната сезона. Бајден ги освоил сите 55 делегати на демократите во државата при тоа забралгодарувајќи им се на афроамериканските гласачи кои сочинуваат 26 отсто од населението на државата и значителен дел од гласачката база на демократите во Јужна Каролина.

Републиканците од Јужна Каролина ќе излезат на гласање на 24 февруари, кога поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли ќе се соочи со поранешниот претседател Доналд Трамп.

Што покажаа првичните избори во Ајова и во Њу Хемпшир и колку Трамп е блиску до номинацијата?

Поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат штотуку победи на прелиминарните избори во Њу Хемпшир со повеќе од 54 отсто од гласовите наспроти 43 отсто на поранешната амбасадорка на САД во Обединетите нации Ники Хејли.

Добрите познавачи на  републиканската политичка сцена  оценија дека резултатите испишаа историја на повеќе начини. Тоа беше трета победа на Трамп на прелиминарните избори во Њу Хемпшир во три претседателски циклуси и втора победа во кампањата за две недели. Со победата на пратеничките избори во Ајова и на прелиминарните избори во Њу Хемпшир, Трамп станува првиот  републиканец во последните 40 години кој победил во двата натпревара.

Почеток на кампањата: Бајден и Трамп меѓусебно се обвинуваат за загрозување на демократијата

Американскиот претседател Џо Бајден го обвини Доналд Трамп, неговиот веројатен ривал на изборите во 2024 година, дека ги жртвува Соединетите Американски Држави за доброто на власта.

„Поранешниот претседател е подготвен да ја жртвува нашата демократија за да дојде на власт. Рече Бајден потсетувајки дека  претстојните избори се засноваат на тоа „дали демократијата е светиот грал на Америка“, изјави актуелниот американски претседател.

 „Ќе бидам јасен и ќе кажам што нема да го слушнете од Трамп. Политичкото насилство е неприфатливо во политичкиот систем на САД. Нема место во демократијата. Луѓето кои упаднаа во Капитол на 6 јануари се бунтовници, а не патриоти. Немирите беа насилна инвазија, а не мирен протест. Со обидот да ги изврти фактите за 6-ти јануари – Трамп сака да ја украде историјата на ист начин како што се обиде да ги украде изборите“, изјави Бајден.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, како реакција на предизборниот говор на Џо Бајден, рече дека актуелниот американски претседател претставува, како што рече, „вистинска закана за демократијата  затоа што демократите ги наместиле последните избори и тие повторно се обидуваат“.

„Џо Бајден е најлошиот претседател во историјата на САД – тој е неспособен и корумпиран. Тој ја уништува нашата земја како никој досега“, рече Трамп – најсериозниот кандидат за републиканска претседателска номинација.

Инаку против поранешниот американски претседател се водат вкупно четири тужби. Во Њујорк, тој беше обвинет за фалсификување деловни документи во врска со дискрециони плаќања на порно актерка во врска со наводна афера, додека во Флорида против него беше покрената постапка за задржување доверливи документи.Во Вашингтон, тој беше обвинет пред федералниот суд дека незаконски се обидел да го поништи изборниот пораз во 2020 година. Исто така, во државата Џорџија беше обвинет дека се обидел да го промени изборниот резултат откако загуби од актуелниот претседател.

Трамп се изјасни за невин по сите обвиненија, за кои тврди дека се политички мотивирани.

Како стојат работите во моментов, на десет месеци пред изборите?

Според испитувања на јавното мнение  Доналд Трамп води во анкетите.

Доналд Трамп води со шест процентни поени во анкетата на Ројтерс/Ипсос, која исто така покажа дека Американците се незадоволни од веројатниот реванш на претседателските избори кои беа во фокус изминатите недели,.

Анкетата на национално ниво покажа дека Трамп води пред Бајден со 40% спрема 34%, додека останатите не се сигурни или планираат да гласаат за некој друг или за никој.

Ова е добра вест за Трамп откако анкетата на Ројтерс/Ипсос претходно овој месец покажа дека тој и Бајден се изедначени.

Во исто време, 67% од испитаниците изјавиле дека се заморени да гледаат исти кандидати на претседателските избори и сакаат некој нов.

Она што е интересно е дека предноста на Трамп од шест поени се одржа дури и кога на испитаниците им беше дадена опција да гласаат за други кандида, вклучувајќи го и Роберт Кенеди.

Американските избори повторно, без исклучок, ќе имаат големо влијание врз остатокот од светот. И покрај тоа што е почетокот на 2024 година, веќе сѐ е во знакот американските избори, особено заради актуелните меѓународни политички односи кои што се исполнети не само со војната во Украина, и војната во Појасот Газа, туку и со другите предизвици со кои денес се сочува целиот свет.

Зачлени се на нашиот е-билтен