Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ изборите пред остра кривина на десно

Мирјана ВАСИЛЕВА

Од 6 до 9  јуни ќе се одржат изборите во Европската Унија. Овие избори  за Парламентот на ЕУ се одржуваат на секои пет години. Тие се важни, можеби најмногу од сè, поради фактот што Парламентот на ЕУ е всушност единствената институција која се избира директно на избори, за разлика од другите клучни институции на ЕУ како што се Комисијата на ЕУ и Советот на Европската унија. Европските политички партии имаат право да водат кампања на ниво на целата Европска унија, но во пракса кампањите првенствено се водат на национално ниво преку домашни партии и делегати.

Да потсетиме, партиите во ЕУ парламентот се групирани по идеолошки групи.  Најголемата група  досега  беше  Европската народна партија (ЕПП). Станува збор за десничарскиот центар кој на последните избори освои 21,0 отсто од гласовите. Се очекува годинава да добијат можеби еден или два процентни поени повеќе. ЕПП има „големи играчи“ кои се на власт низ Европа. Партии како германската ЦДУ/ЦСУ, австриската ОВП, Француската Републиканска партија, но и ХДЗ во Хрватска.

Втората по големина група е Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (S&D). Тоа е типична централно-левичарска, претежно социјалдемократски партии како што се германската СПД, Хрватската СДП, Демократската партија (ДП) во Италија, Социјалистичката партија во Франција итн.  Левиот центар на последните избори во 2019 година освои 18,5 отсто од гласовите, а исто толку се прогнозира и за овие (18,2 отсто според последното истражување на организацијата Europe Elects.

Третата политичка група во парламентот на ЕУ е „Обнови ја Европа“ – станува збор за либерали, партии како германската ФДП, која во моментов е дел од владејачката коалиција „семафор“ со СПД и Зелените. Таму нема многу познати партии, иако се многу како бројка. Во оваа група среќаваме и многу регионалистички партии како Баскиската национална партија или Истарската ИДС . Во 2019 година ја добија довербата од 13,0 отсто од гласачите, а според анкетите може да очекуваат 9,1 отсто.

Четвртата групација во парламентот на ЕУ е онаа на „Зелените – европска слободна алијанса“. Во 2019 година тие добија 11,7%, а оваа година нивната поддршка може да се преполови. Според најновата анкета на Економист, тие можат да очекуваат само 6,0% од гласовите. Убедливо најмоќната партија во оваа група е германската Зелена партија, а исто така најдалеку застрани од нејзините политички основи, што секако го забележаа и гласачите.

Неофицијално  изборната кампања  за Евроизборите почна во Мадрид со  крајно европските десничарски политички партии со пораки против илегалната миграција и климатските политики, но со силна поддршка за Израел во актуелната војна во Газа.

Во Мадрид  лидерот  на десничарската партија  Вокс  Сантијаго Абаскал ѓи  собра   поголемиот број од лидерите  од крајно  десничарски партии. Меѓу нив   беа и лидерките на француската партија Национално движењее, Марин Ле Пен и италијанската  премиерерка Џорџија Мелони. Според шранските медиуми и покрај тоа што меѓу двете лидерки  постои некој вид  ривалство,  сепак  до  гласачите ја упатија порака дека овие партии имаат да го направат 9 јуни како  ден на ослободување и надеж.

Мелони, чија партија Браќа на Италија влече корени од фашизмот на Бенито Мусолини, во пораката што ја кажа на шпански јазик преку видео конференција ги повика и младите да гласаат, бидејки тие биле  иднината  на Европа. Мелони ја бранеше политиката на нејзината земја за постигнување договори со трети земји во обид да се ограничи илегалната емиграција, додека Ле Пен се залагаше за реформа на Шенген зоната, која овозможува слободно движење на луѓето во поголемиот дел од блокот на ЕУ.

Претседателот на Вокс, Сантијаго Абаскал повика на единство на десницата пред европските избори. Како што нагласи, оваа групација ќе мора да одговори на глобализмот со глобален сојуз на патриоти во одбрана на здравиот разум и економскиот просперитет. ЕУ изборите ќе покажат дали политичката промена на континентот ќе биде во хармонија со десноекстремните заложби низ поголемиот дел од светот, од Холандија до Аргентина.

На мадрискиот самит на крајните десничари беше и претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи, кој што беше пречекан со овации и во својот говор на  крајот упати критики до шпанскиот премиер, социјалдемократот Педро Санчез и до неговата сопруга, која ја обвини за корупција. Како одговор, шпанската влада побара извинување од Милеи и откако тој го одби тоа, Мадрид го отповика својот амбасадор од Буенос Аирес.

Треба да знаете
Moже да ве интересира