Освежувањата на листата на делегати и гости на Конвенцијата – „новите“ лица на иднината што ја нудат Мицкоски и ВМРО – ДПМНЕ
ДРАГАН МИШЕВ
За време на конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ за поддршка на кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова, на трибините и пред салата , како и пред гласачките кутии, можеа да се забележат неколку „ислужени“ членови кои треба да го претставуваат „новото“ лице на партијата, освежувањето што го вети лидерот, шпицниот градоначалник и татиниот асистент, Христијан Мицкоски.
Еве, мала галерија со „новите“ лица на иднината што ја нудат Мицкоски и ВМРО – ДПМНЕ:
Пајташот на Орце Камчев (означен на Црната листа на САД), некогашниот директор и косопственик на МПМ, виновникот за згаснувањето на дневните весници „Утрински весник“, „Вест“ и „Дневник“ и неделникот „Теа Модерна“, поради кого без работа и со неисплатени плати останаа неколкуте стотици новинари и технички персонал вработени во „Медиа Принт Македонија“, и печатницата „Графички центар Скопје (ГЦС), Срѓан Керим гласа како делегат на конвенцијата на ВМРО – ДПМНЕ.
„Новите“ лица на ВМРО – ДПМНЕ, пулените на Грујо и еден „бивш“ Љубчовист меѓу делегатите на конвенцијата.
Го пуштиле од затвор за викенд , отишол на конгрес на ДПМНЕ да “гласа” за Гога, Горан Ангелов – Ќосето, осуден за упадот во Собранието на крвавиот четврток.
„Појачање“ од амнестираните за 27 април, хушкачите Богдан Илиевски и Борис Дамовски со осудениот за упадот во Собранието, Јане Ченто.
И секако, најголемото освежување во понудата, претседателската кандидатка на ВМРО – ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова (во бело, веднаш до БЦ), кадар на Бранко Црвенковки, министерка без ресор во првата политичка влада на СДСМ, далечната 1992 година.