Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ГЕРБ, партијата на Бојко Борисов оди на „хемиско чистење” за да и се овозможи да биде дел од новата влада

Пишува: Борјан Јовановски

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов на предизборен митинг во Плевен изјави дека се откажува од своите шанси да стане премиер.

Според последните анкети, 25-27 отсто од гласачите ја поддржуваат ГЕРБ – бројка слична на оние што ја поддржуваат проевропската коалиција на десниот центар меѓу „Продолжуваме со промените“ и Демократска Бугарија (ПП-ДБ).

Анализите покажуваат дека единствената опција за создавање стабилна влада е коалицијата меѓу ГЕРБ и ПП-ДБ, но политичкото наследство на Борисов останува најголемата пречка.

Со оглед на ваквиот распоред на силите изгледа се поочигледно дека партијата ГЕРБ е пратена на „хемиско чистење” за да и се овозможи да биде дел од владејачката коалиција по изборите на 2 април. Покрај високата поддршка од гласачите, ГЕРБ е пожелен во новата владина коалиција и поради нивната прозападна ориентација што не е случај со многу други партии во Бугарија вклучително и социјалистите кои не можат да се ослободат од руските хипотеки. Сепак ГЕРБ е тешко прифатлив со Борисов и неговите пријатели вмешани во многу корупциски скандали.

Во меѓувреме се интензивираат објавите за корупциски скандали од времето на владата на Бојко Борисов. Кампањата на ГЕРБ претрпе сериозен удар поради санкциите наметнати од САД со „црните листи”

Меѓу санкционираните од САД за наводна корупција беше и долгогодишниот министер за финансии на Борисов, Владислав Горанов.

Во јуни 2021 Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) санкционираше тројца Бугари за корупција во Бугарија, како и нивните мрежи што опфаќаат 64 ентитети. Целта на оваа акција се познатиот бугарски коцкарски олигарх Васил Божков, поранешниот пратеник и медиумски тајкун Дељан Пеевски и заменик-шефот на Националното биро за контрола на специјалните разузнавачки уреди , Илко Жељазков, сите познати како блиско опкружување на Борисов.

Деновиве Министерот за регионален развој Иван Шишков изврши тестови на два автопати во близина на Софија, кои покажаа дека недостасува една третина од асфалтот. Еден од овие автопати беше изграден со финансии на ЕУ, исплатени во 2016 година.

(НоваТВ)

Зачлени се на нашиот е-билтен