Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Големиот пораз на Курти

Пишува: Љубомир КОСТОВСКИ

Нешто што не го сретнав во најголем дел од нашите медиуми… Прашањето за влез на Косово во Советот на Европа се одложува. Париз и Берлин донеле заеднички заклучок дека Косово не ги исполнува условите за влез во Советот заради непочитување на своите обврски од договорите постигнати во двата документи (Брисел и Охрид), пред сѐ, околу функционирањето на Заедницата на српските општини!

Будимпешта била против отворањето на ова прашање, но на еден поинаков начин, со оценка дека секогаш кога се отворала вратата на Европа за Приштина таа била сѐ полоша кон своите обврски од преговорите со Србија.

Сеедно, ова е голем пораз за Курти, кој едноставно со својот експанзионистички национализам влезе со две нозе и во нашиот двор, заедно со претседателката на Косово! Ова со Влен секако е негов производ и може да се смета за мешање во внатрешни работи на друга земја. Мислам дека и тоа има влијание на ставот на Европа кон овој политички курс.

Косово, во најдобар случај, ќе може да чукне на вратата на Советот на Европа веќе во ноември, а поверојатно дури до година, секако со претходно коригиран однос кон своите обврски. (ЦивилМедиа)

Треба да знаете
Moже да ве интересира