Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Говор на омраза, национализам и неписменост

„Племето и семето да му се сотре“„Продадени души и Бог не сака“„Терористот Џафери ќе ги чествува светите Кирил и Методиј! Неверојатно! Ја зеде ли нусата со него? Зар нема Македонци? Срам и резил!… со ваков вокабулар на Фејсбук се изразуваат возрасни и семејни луѓе, родители, т.н. патриоти, мразачи, верници (христијани), чеда на Александар Македонски и Гоце Делчев и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, за веста дека претседателот на Собранието, Талат Џафери и македонска делегација присустувале на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во чест на Свети Кирил и на аудиенција кај папата Франциск.

Нема да ја коментираме писменоста на овие мразачи… Но, се надеваме дека до следното честување на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј ќе научат да пишуваат правилно и дека ќе престанат да користат говор на омраза.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново