Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гужва од номинации за кандидати за претседател на САД

Во  Америка, веднаш по  одржаните ноемвриски избори во минатата година за новиот состав на Сенатот и Конгресот, според американскиот изборен закон се отвори  и патот  за  претседателските  избoри во 2024 година. Демократите го номинираа актуелниот претседател Џозеф Бајден, а со свои номинации истапија и Роберт Кенеди Јуниор и Маријана Вилијамсон. Меѓу републиканците, освен  поранешниот претседател Доналд Трамп, во трката за претседател се уште 9-мина негови сопартијци републиканци, кои за цел имаат да му се спротивстават на Трамп, кој е пак убеден во победата.  

Мирјана ВАСИЛЕВА

За демократите кога е во прашање кандидатурата, веке сѐ е јасно. Пред 4 недели актуелниот американски претседател Џо Бајден ја објави кандидатурата за втор мандат.

Но, едно од прашањата што се поставува кај поголемиот дел  во јавноста, а особено по недоамнешната спроведената анкета на NBC News посебно се истакнува  загриженоста  дали демокртаскиот ветеран ќе може да ја извршува функцијата претседател поради неговата возраст Бајден сега има 80 години и е најстариот  претседател на функцијата  во историјата на САД, и доколку биде избран за шеф на американската држава до крајот на вториот мандат би имал 86 години. Тоа е и причината што многумина амрикански избирачи критички гледаат на повторната кандидатура на претседателот.

Досегашните анкети покажаа дека 70 проценти од испитаниците се со мислење дека Бајден не треба да се кандидира за втор мандат. Таков став имаат и околу 51 процент од приврзаниците на неговата Демократска партија. Како најважна причина ја наведуваат токму неговата поодмината старост.

Во анализата на угледното списание Политико мегу другото се вели дека  американскиот претседател Џо Бајден ја започнува својата нова изборна кампања со популарност која падна под 50 проценти од времето на хаотичното повлекување од Авганистан во август 2021 година, и дека тој никогаш вистински не се опорави од тоа. Според податоците на Политико само тројца повоени претседатели, Џими Картер, Роналд Реган и Доналд Трамп, поминале полошо во оваа фаза од реизборните кампањи. Двајца од тие тројца изгубија на избори, но во изминатите 75 години, само двајца демократи освоиле поголем процент од гласовите од Бајден – Барак Обама во 2008 година и Линдон Џонсон во 1964 година.

И затоа од изборниот штаб  за кампањата на Бајден се уверени дека сепак актуелниот претседател на САД нема да биде лесен плен за противниците, заедно со прилично обединетата партија зад него.

Дел од американските медиуми, повикувајки се на извори од Белата Куќа  информираа дека една од причините зошто Демократите ја подржаа кандидатурата на Бајден, меѓу другото, се и серијата големи законодавни победи и значајни   надворешно политички  битки во  првите  две  години кои  докажаа  дека Џо Бајден постигна многу и затоа тој немаше вистински противник меѓу демократите.

Она што е можеби најважно е дека Бајден во 2020 година докажа дека не само што може да го обнови „Синиот ѕид“ (федералните држави Мичиген, Пенсилванија и Висконсин), туку и дека може да ги освои Аризона и Џорџија.

Џозеф Бајден

Бајден и пораките зошто го бара вториот мандат за шеф на државата

Во своето објаснување преку социјалните мрежи Џозев Бајден рече дека гласачите треба да се фокусираат на неговите политички победи дома и на неговото организирање на невиден западен сојуз за да и помогне на Украина да се одбрани од руската инвазија.

„Секоја генерација има момент кога треба да застане во одбрана на демократијата. За основните слободи. Верувам дека ова е нашиот момент. Придружи ни се. Да ја завршиме работата“, се пораките на Бајден.

Како мото за неговата медиумска капања ќе бидат користени и снимките од настаните во Капитол што ги предизвикаа приврзаниците на Трамп како и протестите на Американците за правата на абортусот. Според него, екстремистите на MAGA се здружуваат за да се спротивстават на темелите на „нашите слободи“.

„Прашањето со кое се соочуваме е дали ќе имаме повеќе или помалку слобода во годините што следат. Знам каков одговор сакате и вие“, рече тој и заклучи дека тоа се причините поради кои повторно се кандидира.

На изборите во ноември 2024 година, се очекува Бајден да ја задржи Камала Харис, првата личност со темна кожа и првата жена што станала потпретседател. Ако  на  изборите во 2020 година кампањата Бајден ја водеше во знакот на  борба за спас на американската демократија од Трамп, но неговата кандидатура за втор мандат најверојатно ќе се потпира многу на обновата на американската производствена база, со работни места за средната класа.

Аутсајдери меѓу демократите

Кај демократите, кандидатура поднесе и Роберт Кенеди Јуниор. Роберт Ф. Кенеди е син на поранешниот сенатор Роберт Боби Кенеди, кој беше убиен во 1968 та година, кој исто така имаше амбиција да биде претседател на САД. Роберт Кенеди Јуниор е внук на порнашниот претседател Џон Ф. Кенеди кој беше убен во Далас  во 1963-та година.

Во политичката биографија на Роберт Кенеди Јуниор, е забележено е познат адвокат во сферата на екологија и антваксер, кој што пред повеќе од 15 години се приклучил на антиваксеркото движење во САД и стана неговор  водечки глас.

Роберт Кенеди Јуниор е третиот демократ кој влезе во претседателската трка во 2024 година, придружувајќи им се на актуелниот претседател Џо Бајден и авторката Маријана Вилијамсон.  Според американските медиуми Маријана Вилијамсон е една од најегзотичните натпреварувачки во демократската претседателска трка – писателка, активистка и политички аутсајдер.

Роберт Кенеди Јуниор и Маријана Вилијамсон

Позната како кандидатка на Њу Ејџ демократите, таа има објавено четири книги за самопомош и е гуру во оваа област. Се прикажува и како духовна учителка на американската ТВ икона Опра Винфри. И таа е против вакцинирање на децата.

Сепак, иако има 67 години и зад себе има шарена биографија, нејзината политичка ѕвезда не е толку блескава. Нејзиниот единствен политички ангажман беше неуспешниот обид да се кандидира за советник во 33-та област на Лос Анџелес во 2014 година. Затоа, во последните анкети има рејтинг од само два отсто и има мали шанси да ја добие номинацијата.

Кој републиканец има најголеми шанси да го победи Бајден?

Поранешниот претседател Доналд Трамп, Рон ДеСантис, Мајк Пенс, Ники Хејли се дел од кандидатите кои ќе се борат за републиканска номинација за претседателските избори.

Својата кандидатура прв ја објави поранешниот претседател Доналд Трамп, кој вети дека -ќе ја направи Америка повторно голема и славна“.

Тој е сè уште многу популарен меѓу републиканците, но нешто послабиот настап на републиканците на среднорочните избори, што делумно се случи поради слабите резултати на кандидатите поддржани од Трамп, го направи „ранлив“,велат добрите познавачи на состојбите кај републиканците.

Поранешниот претседател, кој за две години ќе има 78 години, најверојатно ќе се соочи со тежок предизвик од група помлади републикански надежи, вклучително и некои кои го поддржуваа во минатото.

Еден од нив е Рон ДеСантис, гувернерот на Флорида, кој и официјално ја објави својата официјална кандидатура.  Многу партиски лидери го гледаат како идеална алтернатива на Трамп.

Рон ДеСантис и Мајк Пенс

Според анкетите, Трамп и ДеСантис се рангирани како први два избора. Трамп води во просек со 15 поени во анкетите спроведени на почетокот на март, а околу 44 отсто од гласачите го поддржуваат.

Политичкиот аналитичар  Чарли Мехтесијан, во најновото издание на Политико, на темата кој ќе му се спротивстави на Трамп, покрај тоа што направи анализа на републиканските кандидатите и за нивните стартегии, посебно се осврна на Доналд Трамп, кој прв се кандидараше за претседателската кампања 2024 година, потсетувајки  дека  Трамп за неговиот мандат  доживеа две отповикувања-импичмент. Еднаш е овбинет и е единствениот претседател во историјата чиј рејтинг никогаш не надминал 50 проценти.

Трамп нема профил на примерен предизвикувач. Во две претседателски трки, неговиот најдобар резултат од анкетата беше нешто под 47 проценти. Но, во 2016 година покажа дека сѐ уште има начин да се освои Изборниот колеџ.

Во реваншот со Бајден, Трамп веројатно би бил подобро позициониран политички од многу негови ривали од републиканците за прашања како што се реформите за правата и абортусот. Сепак, тука е прашањето за петте држави во кои Бајден успеа да ги победи републиканците во 2020 година.

Трамп нема да има потреба да ги придобие сите назад за да ја врати Белата куќа, но веројатно ќе му требаат најмалку три од тие држави – и ниту една од нив не е негов сигурен подржувач.

Ова не е поради силните страни на Бајден, туку поради слабостите на Трамп. Кај Трамп има јасни знаци за попрофесионална кампања отколку во минатото. Но, Трамп сепак е Трамп. Неопределените држави кои ќе одлучат за изборите во 2024 година се меѓу најдестабилизираните од поларизирачката политика на Трамп.

Демократите сега се во подем во Мичиген и Пенсилванија, држави кои историски беа меѓу севкупните одлучувачи, делумно поради реакцијата против Трамп. Освен масовниот одѕив на руралното население во тие држави, Бајден има одлучувачка предност против Трамп во двете места.

Доналд Трамп – кампања  со слоганот Америка на прво место

Трамп е сигурен во својата стартегија и  се одлучи за едноставна надворешна политика:

„Дали сакате трета светска војна? Гласајте за другиот. На досегашните митинзи  Трамп го нападна начинот на кој претседателот Џо Бајден се справува во односите со Авганистан.

Доналд Трамп

Тој  најавува  дека би можел да го прекине речиси едногодишниот конфликт во Украина во рок од „24 часа“, но  како што известија  американските медиуми, тој  не даде конкретен план како ќе го спроведе тоа, ниту пак како ќе ги развива однисите со Кина откако  на Пркинг му објави трговска војна за време на неговиот мандат.

Неговиот обновен фокус на меѓународните работи доаѓа во време кога се очекува примарното поле на републиканците да биде преполно со потенцијални предизвикувачи кои веројатно ќе ја застапуваат сопствената  надворешна политика. Тоа вклучува двајца поранешни помошници на Трамп: поранешната амбасадорка во ОН Ники Хејли и поранешниот државен секретар Мајк Помпео.

Тука е и до вчера најблискиот соработнк, а сега и најголем ривал на Трамп, 44  годишниот гувернер на Флорида  Рон   Де Сантис , сепак одлучи  и официјално  да му се спротистави   во борбата за републиканскиот кандидат на општите избори во САД.

Ако републиканците го изберат ДеСантис, се вели во повеќе анализи, тоа навистина не би означило отстапување од Трампизмот. Гувернерот на Флорида некогаш беше штитеник на поранешниот претседател и го користи истиот реторички стил.  Секако, ДеСантис ќе мора да ја намали својата реторика за да изгледа како умерен на општите избори против претседателот Џо Бајден или друг демократ.

И поранешниот потпреседател на САД и најблизок другар на Трамп, Мајк Пенс, кои сега не се во добри односи, откако тој откажа да го подржи Трамп заради наводните измами на последните избори и одлучи да се кандидидира.

Тимот на Пенс верува дека првото гласање на внатрепартиските прелиминарни избори, кои традиционално се одржуваат во Ајова, ќе биде критично за неговиот потенцијален пат до победата. Советниците на Пенс велат дека тој планира да води агресивна кампања за да ги придобие конзервативните евангелистички гласачи во Ајова.

Заедно со Трамп и Десантис, во трката за републикански претседателски кандидат се и поранешната амбасадорка на САД во ОН Ники Хејли, сенаторот од Јужна Каролина Тим Скот, поранешниот гувернер на Арканзас Ејс Хачинсон, водителот Лери Елдер и претприемачот Вивек Рамасвами. Поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, планира да ја започне својата кампања на 6 јуни, а гувернерот на Северна Дакота, Даг Бургум на 7 јуни.

Поради  големиот број на републикански кандидати   Републиканската партија  побара од претседателските кандидати за 2024 година да ја дадат својата поддршка за евентуалниот победник кандидат.

На кандидатите кои нема да го потпишат ветувањето нема да им биде дозволено да учествуваат во дебати спонзорирани од партијата за време на изборите за претседателска номинација од држава по држава.

Трамп веднаш не одговори јавно на овој апел, но портпаролот на кампањата изјави за Ројтерс дека „претседателот Трамп ќе го поддржи републиканскиот кандидат бидејќи тоа ќе биде тој“.

Да потсетиме за изборниот закон за претседателските избори во САД. Се одржуваат секоја четврта година и од 1845 година секогаш се гласа во вторник во првата седмица во ноември.

Последните претседателски избори се одржаа на 3 ноември 2020 година, а следните избори ќе се одржат на 5 ноември 2024 година.

Најново