Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хидро системот Конско – најголем инфрстаруктурен проект во регионот на Гевгелија, Богданци и Дојран

Хидро системот Конско е само дел од историски најголемиот капитален проект во водоснабдувањето вреден над 100 милиони евра, со кој во функциија се ставаат четири нови системи за наводнување на 13.650 хектари земјоделско земјиште

Денеска заврши изградбата на браната со акумулација Конско. Како дел од  Хидро системот „Конско” претставува најголем инфраструктурен проект во Гевгелиското Поле во изминативе 50 години. Изградбата на браната започна во 2018 година, а капиталниот проект се состои од брана на реката Конска, зафат Горничет на околу 8,5 километри низводно, како и зафати на протечните води на реките Жабачка, Сермениска и Кованска.

Преку нов систем за наводнување и вештачко езеро, со браната Конско за 5 пати се зголемува наводнувањето на земјоделските површини, со капацитет за наводнување на 8.000 хектари плодно земјиште. Во целост се обезбедува потребната вода за наводнување на земјоделските површини во текот на целата година за 6.500 хектари земјоделско земјиште во јужниот дел од државата.

Хидро системот Конско е само дел од историски најголемиот капитален проект во водоснабдувањето вреден над 100 милиони евра, со кој во функциија се ставаат четири нови системи за наводнување на 13.650 хектари земјоделско земјиште

Четирите нови системи за наводнување Конско, Страиште, Лисиче, Пепелиште, се реализираат преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Седумдесет отсто од средствата се поддршка од германската КФВ банка, 80 милиони евра заем и 2,8 милиони евра грант за поддршка на земјоделците и земјоделските задруги во областите опфатени со хидросистемите, додека останатите 30 проценти се од државниот буџет.

Хидросистемот Лисиче ги опфаќа земјоделците од Велес и Чашка и обезбедува наводнување за 3 650 хекатри. Системот Пепелиште опфаќа 3 000 хектари во Неготино и Демир Капија, Страиште 1500 хекатри во Валандово и најголемиот, Конско, опфаќа 6.500 хектари на подрачјето на општините Гевгелија, Богданци и Дојран.

Изградбата на браната Конско е важен проект во развојот на македонското земјоделство, во наводнувањето на земјоделските површини, но важна и за развој на туризмот и јакнењето на економијата во целиот регион.

„За мене лично овој проект остава личен и историски белег. Започнавме со градба во 2018 година, поставувајќи го камен темелот и еве денес до финална реализација на овој проект во 2023 година. Бенефитите од изградбата на браната Конско, покрај развој и наводнување на земјоделското земјиште, се многубројни за сите граѓани од овој регион. Па така оваа брана обезбедува редовно снабдување со квалитетна вода за пиење, потоа во производството на електрична енергија. Но она што е и можеби најзначајно е обезбедувањето на вода и редовен торур за дотур на Дојранското Езеро”, вели за инвестицијата министерот за земјоделство, шумарство о водостопанство Љупчо Николовски.

Модернизацијата и вложувањето во квалитетни системи за наводнување, е еден од петте главни приоритети министерството за да се стави во функција за производство на храна секоја земјоделска површина и за директна поддршка за земјоделците.

Овој голем капитален проект освен што го поттикнува развојот на земјоделството, влијае и врз развојот на економијата во Општина Гевгелија, и унапредувањето на здравјето и квалитетот на живот на граѓаните од целиот овој регион.

„Со доаѓањето на оваа Влада во 2017 година една од нашите главни заложби беше да создадеме конкурентно земјоделство, кое ќе резултира со зголемување на производството на храна, а тоа пак ќе има импакт и врз регионалниот економски развој кој Владата го стимулира и преку финансиска поддршка на новите инвестиции”, оценува вицепремиерот задолжен за координација со економските ресори Фатмир Битиќи.

Оваа значајна инвестиција во земјоделството и водостопанството е една од петте клучни цели на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои започнаа да се реализираат во 2023 година како капитални инвестиции во водостопанството. Со буџет од 884,9 милиони денари продолжуваат работите и на проектите Речани и Равен, изградбата на трета фаза од Јужновардарска долина, како и малите системи за наводнување во Конопница и Теарце, откако без завршени системите Чаушица, Славишко Поле, Пишица и Зајас.

Р. Р.

Треба да знаете
Moже да ве интересира