Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хрватска по изборите влегува во политичка криза

Следните денови, а можеби и месеци, се време кога на хрватската политичка сцена сѐ е можно. Дури и незамисливи комбинации на лево и десно, бидејќи никој ништо нема да исклучи во овој момент. Сите тврдат дека „не мислат да одат со овие или со оние“, но знаеме – „слатка е моќта“, вели за Рацин.мк искусната новинарка Гојан.

Мирјана ВАСИЛЕВА

Парламентарните избори во Хрватска покажаа дека десно ориентираната Хрватска демократска заедница (ХДЗ) останува најсилна партија, но не може сама да формира влада. Изборните резултати велат дека ХДЗ освоила 61 од можни 151 пратеничко место во Собранието, а Социјал-демократската партија (СДП) 42 мандати, што значи дека ниту една од нив го нема потребното мнозинство (76) за самостојно формирање влада.

Другите партии, од националистичката десница до зелената левица, освоија значителен број пратенички места во парламентот, што значи дека доаѓа период на политичка трговија.

Не е изненадување дека ХДЗ, и нејзината мрежа и организација, остана најсилната партија во земјата, додека од друга страна, политичкиот противник СДП, зад кој што застана  актуелниот претседател Зоран Миановиќ, на кого ,Уставниот суд му забрани да биде мандатар, бидејки не се повлекол од функцијат, со освоените мандати, не се задоволни постигнатите резултати.

Според изјавата на хрватската новинарка од ХТВ Елизабета Гојан за Рацин.мк, Хрватска по изборите се најде во невидена политичка криза.

Иако најмногу гласачи го остварија своето право на парламентарните избори од 2000 година, апсолутен победник нема!

Ниту владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) на премиерот, ниту омилената Социјалдемократска партија (СДП) на претседателот не освоија доволно места за формирање влада.

Тоа значи дека Хрватите се подготвуваат за политичка трговија за да видат дали може да се формира владејачка коалиција. Или, ако тоа не успее, одржлива малцинска влада.

И тогаш Уставниот суд се вмеша во се. Тој го предупреди претседателот Зоран Милановиќ „дека ни премиерот не може да биде мандат за формирање нова влада, дури и да поднесе оставка“. Сите опозициски партии ја осудија таа одлука – многумина ја нарекоа државен удар.

Различните толкувања и одлуки на уставните експерти секако не придонесуваат за разјаснување и смирување на ситуацијата – толку долги и болни преговори ја чекаат Хрватска – коалиција на партии кои по тешките навреди во кратката изборна кампања ќе формираат подесничарска влада од претходниот, собран околу ХДЗ или малцинска влада околу СДП…

Следните денови, а можеби и месеци, се време кога сѐ е можно. Дури и незамисливи комбинации на лево и десно, бидејќи никој ништо нема да исклучи во овој момент.

Сите тврдат дека „не мислат да одат со овие или со оние“, но знаеме – „слатка е моќта“, вели за Рацин.мк искусната новинарка Гојан.

За егзотичноста и дополнителната политичка експлозивност секако ќе придонесе лидерот на Република Хрватска Зоран Милановиќ, во чии раце е одлуката за префрлање на мандатот за формирање влада.

Инaку во хрватскиот парламент  се избираат вкупно 151 пратеник – од кои 140 пратеници се директно од политичките партии, односно не сметајќи ги претставниците на националните малцинства и пратениците избрани од хрватски државјани кои не живеат во Република Хрватска. Тие се избираат на тој начин што територијата на Хрватска е поделена на десет изборни единици и се избираат по 14 претставници во секоја изборна единица.

Значи, како што покажуваат бројките, за да се формира Влада потребно е мнозинство, а во случајов тоа значи 76 мандати.

Зачлени се на нашиот е-билтен