Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Има ли во нападот на Хамас намера да се запали Блискиот Исток

Како и да заврши оваа најнова војна меѓу Израел и Палестина, таа ќе има далекосежни последици и за Израел и за регионот

Мирјана ВАСИЛЕВА

Ден по невидениот  преседан  на големиот напад на Хамас врз Израел, излаелската власт ѝ објави  војна  на терористичката  Хамас во Појасот Газа и вовед е воена состојба во целата земја.

Израелскиот безбедноден апарат од министерот за одбрана до безбедносните израелски разузнавачки служби  веднаш одговорија  на оваа состојба. Сепак остана  без  одговор прашањето како е можно земјата која е воено најмоќна во регионот да дозволи Хамас да ги изненади со добро организираниот напад кој  што  ја  почна својата офанзива во раните утрински часови  во саботата со ракетни  напади  кон Израел. Паралалено со ракетните напади хамосовите  борци влегоа на израелска територија преку дупките на ѕидот меѓу Газа и Израел и нападнаа воени и цивилни позиции во градовите на што израелските сили одговорија со бомбардирање бројни цели во Газа.

Припадници на армијата на Израел

Според  агенциските вести  ситуацијата во Израел сѐ уште не е целосно под контрола бидејќи борбите со инфилтрираните милитанти на Хамас продолжуваат на југот на земјата, изјави  портпарол на израелската армија.

Добрите познавачи на  Блискиот Исток   се обидуваат да  најдат објаснување  на прашањето зошто токму  сега  Хамас се одлучил  на ваква масовна терористичка акција и го нападна Израел.

Дали преговорите мегу Израел и Саудиска Арабија е една од причините за нападот на Хамас, и колку е Хамас е самостоен играч

Едно од  толкувањата  е  дека   Хамас се подготвувал  да возврати на Израел, кој продолжува да ја држи Палестина-Западниот Брег под окупација и Појасот Газа под строга блокада во време кога се почесто се споменува можноста за нормализирање на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија. На тоа сценарио многу Палестинци се противат затоа што таквиот процес го затапува поширокиот арапски отпор и солидарноста со палестинската борба, без оглед на повиците на Ријад за создање палестинска држава.

„Сите договори за нормализација што вие арапските држави ги потпишавте со Израел нема да го прекинат овој конфликт. Нема безбедност во целиот регион се додека Палестинците се надвор од равенката“, изјави Исмаил Ханија, лидерот на Хамас, кој управува со Газа, објави телевизијата Ал Џезира.

Од друга страна, висок функционер во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден им изјави на новинарите дека е „навистина премногу рано да се шпекулира за ефектот што конфликтот Израел-Хамас може да го има врз напорите за нормализирање на саудиско-израелските односи“. 

Актуелниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека на Палестинците не треба да им се дозволи да стават вето на новите мировни договори на Израел со арапските држави.

Како одговор на ескалацијата на конфликтот,  Саудиска Арабија повика на „итно прекинување на насилството“ од двете страни.

Иран не ја крие својата поддршка за Хамас. Техеран го опиша нападот како чин на самоодбрана од страна на Палестинците.

Јахја Рахим Сафави, советник на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, рече дека „Техеран ќе стои покрај палестинските борци -до ослободување на Палестина и Ерусалим“.

Зошто токму  сега Хамас се одлучи за ваков напад врз Израел?

Нападот на Хамас доаѓа во време на голема внатрешна политичка нестабилност во Израел. Некои од анализите велат  дека  можеби решиле оти  ова е идеален момент да возвратат, но останува да се види колку им бил мудар потегот.

Имено, ваквата ескалација би можела само да ја зајакне актуелната десничарска влада, на која навистина и е потребна ваква ситуација, доколку не се пресметаат со внатрешниот „непријател“, односно опозицијата додека тврдат дека безбедноста на Израел е загрозена.

Формација на Хезболах

Како и да заврши оваа најнова војна меѓу Израел и Палестина, таа ќе има далекосежни последици и за Израел и за регионот, но и за Либан, каде што Хезболах активно го следи сето ова. Ова е важно и за Сирија, која сѐ уште често е цел на израелски воздушни напади. Во поширокиот контекст на приказната, секако стои и Иран, кој не ја крие својата солидарност и помош за сите антиизраелски сили, секако и за палестинските борбени фракции во Газа.

Кои се  движењата  – умерениот Фатах, од Западниот Брег и исламистичките двжења Хамас од Газа и Хезболах од Либан

 Долги години палестинскиот народ е управуван од две фракции со различни идеологии: Исламистичкиот Хамас, кој владее со Појасот Газа, додека на окупираниот Западен Брег, го имаме Фатах, односно палестинската управа, на чело со претседателот Махмуд Абас.

Хамас има свои корени во исламистичкото движење и се смета за порадикален од Фатах. Хамас е основан со цел да се бори против израелската окупација и да ја основа Палестина.

Хамас, или Движењето на исламскиот отпор, е основано во 1987 година за време на првата палестинска интифада, или востание. Хамас е поддржан од шиитскиот Иран и ја дели идеологијата на Муслиманското братство, кое беше формирано во Египет во дваесеттите години на минатиот век.

Хамас владее со Појасот Газа од 2007 година, по кратката граѓанска војна со силите лојални на движењето Фатах предводени од претседателот Махмуд Абас и ја предводи Организацијата за ослободување на Палестина (ПЛО).

Преземањето на Газа од страна на Хамас уследи по неговата победа на палестинските парламентарни избори во 2006 година, последен пат кога тие се одржаа.

Оттогаш имаше бројни рунди на конфликт со Израел, често вклучувајќи ракетни напади на Хамас од Газа кон Израел и израелски воздушни напади и бомбардирање на Газа.

Хамас одбива да ја признае државата Израел и насилно се спротивстави на мировниот договор од Осло, договорен меѓу Израел и ПЛО во 1993 и во 1995 година.

Од друга страна, Фатах е секуларна палестинска партија која е основана во педесеттите години од минатиот век и одигра клучна улога во политичкото раководство на палестинскиот отпор против израелската окупација. Фатах традиционално се залагаше за дводржавно решение за конфликтот меѓу Израел и Палестина, при што палестинската територија ги вклучува Западниот Брег и Појасот Газа и независната држава Палестина се создава во таа област.

Водачите на Фатах честопати учествуваа во мировните преговори со Израел, обидувајќи се да постигнат траен мир. Секако, фактот дека минаа децении и ситуацијата за Палестинците станува се потешка, јасно покажува дека Израел не е заинтересиран за мир. Згора на тоа, со оглед на постепеното де факто заземање на палестинската територија на Западниот Брег преку населување на Израелци, се чини дека тактиката на Израел е долгорочно да се ослободи од каква било форма на Палестина.

Покрај разликите во идеологијата и пристапот кон конфликтот, Хамас и Фатах често се судираа и се бореа за контрола над палестинските територии, што дополнително ја комплицираше политичката ситуација во Палестина. Хамас е прогласен за терористичка организација од Израел, САД, Европската унија, Канада, Египет и Јапонија.

Групата е дел од регионалната алијанса составена од Иран, Сирија и шиитската група Хезболах во Либан, и сите генерално се против американската политика на Блискиот Исток и Израел.

Додека неговата моќна база е во Газа, Хамас исто така има поддржувачи низ останатите палестинските територии и има лидери распространети низ Блискиот Исток.

Треба да знаете
Moже да ве интересира