Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ивон Величковски: Поради бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ во 1994, Македонија беше изоставена од првиот бран проширување на ЕУ, сега се прави истото

Први бојкотирани беа парламентарните и претседателски избори 1994. Повод беше оспорената победа на Глигоров, а за причина беше наведена злоупотребата на државните ресурси за изборни цели од партиите на власт.

На тие избори ВМРО-ДПМНЕ отиде како опозициска партија, бидејќи 1990/91 одби да прави влада со партии на Албанците, а од 1993 “го бранеше идентитетот” отфрлајќи го референтното име со кое Македонија стана членка на ОН и низ Времената спогодба ги уреди односите со Грција и излезе од ембарго.

Оспорувајќи ги и потоа бојкотирајќи ги, ВМРО-ДПМНЕ се исклучи од значајните процеси во земјата, од приватизацијата до фаќањето чекор со Агендата 2000.

За по Кичевскиот конгрес 1996 да ја прифати и ПЈРМ и Времената спогодба и скроената приватизација со сите следствени општествени, политички и економски последици по државата, а особено:

1.Одвојувањето на Македонија од Словенија со што беше изоставена од првиот бран проширување на НАТО и ЕУ,

2.Останувањето на Македонија во зоната на “српскиот свет” (на Милошевиќ) што ни ја произведе 2001.

Северна Македонија дури по 20 години излезе од трауматичниот застој. Со силни (домашни, регионални, континентални и меѓународни) напори низ Рамковниот договор, Тиранската платформа, Софискиот и Преспанскиот договор.

Со нив дојде до посакуваното: граѓанска држава каде Македонците ја остваруваат својата конститутивност во земја – членка на НАТО, со уште една цел: полноправно членство во ЕУ.
Денес ВМРО-ДПМНЕ во основа одбива да гласа за премиер на (техничка) влада – Албанец. А во предвечерјето на двојните парламентарни и претседателски избори (организирани на ист датум по нивно барање) – пак “го брани идентитетот” отфрлајќи го (Протоколот по) Софискиот договор со кој Северна Македонија треба да почне преговори за членство во ЕУ.

Препознавајќи ги сличностите на обидот Северна Македонија да остане во туѓа зона на (анти-западно влијание) корисно е да се потсети и дека ВМРО-ДПМНЕ на 27 април 2017 проба да спречи политичко мнозинство според волјата на граѓаните за европски и евроатлантски правец на државата. Тој вид мнозинство е спротивен на концептот на двопартиска кохабитација низ окупација на етничката претставеност.

Спречувањето злоупотреба на државни ресурси во партиски цели беше причината за воспоставување на концептот на техничка влада пред избори.

Одбивањето да се идентификуваат и учествуваат во таква влада гласајќи ја сосе премиер, затоа, не може да се толкува поинаку од обично оставање простор повторно етно-партиски да оспорат изборен исход од значење за нацијата – политичко мнозинство што ќе ги отвори европските преговори низ изгласување на потребните уставни дополнувања.

Резимирано: ВМРО-ДПМНЕ може да не гласа за Талат Џафери за премиер. Но пратениците таму треба да размислат дали политиката во ПЈРМ (1994) и во натовска Северна Македонија (2024) може да се води на ист начин и на исти премиси.

Извор: ФБ профил на авторот

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново