Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јакимовски: Брзото фаќање на Палевски во Турција е придобивка од членството во НАТО

„Морам да бидам искрен, ова е придобивка од членството во НАТО. Безбедносните служби се вмрежени до крајна линија. Иако сум бил противник, бидјеќи ни се менуваше името, коретно е да се каже дека ова е придобивка до членството во НАТО“, рече градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во „Студио 10“ на ТВ24 за апсењето на Палески.

Тој додаде дека брзото и ефикасното лоцирање и наоѓање на Палески е придобивка од брзата и голема размена на информациите помеѓу службите, како резултат на НАТО сојужништвото.

„Од Смилковско Езеро имавме избеган во Косово, па никогаш не го фатија. Еве сега луѓето го лоцираа, најдоа, фатија, во соработка со други служби“ рече Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ Лидерот на ГРОМ исто така ги пофали и професионалците во МВР кои брзо го решија случајот и покрај сите пречки, како вклученоста на таткото во грабнувањето на Вања.

„Ова е најодвратниот дел од политиката. Наместо сите да тагуваме, ВМРО-ДПМНЕ гледа политички да се пресметуваат. Вчера излегоа со прес-конференција, направиле републички штаб за избори, претседател ќе бирале на конвенција. Кога целата држава е во тага, тие се пресметуваат со политички противници“, рече Јакимовски.

Тој додаде дека целото општество, па дури и соседните држави не се чувствуваат пријатно, а дел од опозициските партии се обидуваат политички да се пресметуваат.

„Ова е време кога сите треба да тагуваме и сочувствуваме со жртвите. Ова е израз на политички простотилук, ништо повеќе од тоа. За жал, тој политички простотилук се обидува да ја води државата“, рече Јакимовски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира