Зборувајќи за она што ќе донесат следните избори, новинарот Борјан Јовановски во студио на Слободен печат истакна дека е многу веројатно по распределбата на мандатите, да не може да се состави влада и да има повторен изборен циклус.
„Комбинациите што сега се прават и доста цврстиот став на ВМРО-ДПМНЕ околу уставните измени, притисокот од стратешкиот партнер САД, па дури и притисокот од јавноста и ако сите тие парчиња се обидете да ги склопите, тешко дека ќе ја составите целата слика. И затоа велам дека е многу возможно да се случи нов изборен циклус, посочи Јовановски.
Според Јовановски, важно е политичките партии кои ќе ја добијат довербата од граѓаните, да се водат од разумот и да работат за иднината на државата.
„Верувам дека ќе дојдеме во ситуација во која мнозинството на политичката сцена ќе биде детерминирано од разумот“, заклучи Јовановски.