Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кадиров ја глорифицира улогата на чеченските единици во Украина за да ја докаже својата лојалност кон Путин

„Мачо“ лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров е најлојален од регионалните шефови на Владимир Путин, барем теоретски. Во време на неговото владеење со руската провинција, централната улица на главниот град, Грозни, се нарекува авенија Путин, светилките што ја опкружуваат се украсени со руската тробојка, а портретот на Путин гледа одозгора од десетици згради низ градот.

Профилот на Кадиров на Инстаграм, неговиот главен метод за комуникација со надворешниот свет, е полн со тврдења дека тој е „пешадиски војник“, врвно лојален на големиот руски лидер.

Сега, чеченскиот сатрап Кадиров, активно ја промовира улогата на неговите единици во војната во Украина за да ја подобри својата репутација како лојалист на Путин, објави британското Министерство за одбрана на социјалната мрежа Икс (Твитер), повикувајќи се на разузнавачки податоци, пренесе Укринформ.

Британската разузнавачка служба потсетува дека на 10 август 2023 година, чеченскиот водач Рамзан Кадиров ги признал напорите на чеченскиот баталјон Восток Ахмат во силно оспоруваниот сектор Орхикив во областа Запорижја.

Коментарите на Кадиров ја истакнаа континуираната улога на една од главните чеченски единици во оваа клучна област. Восток официјално доаѓа под команда на 42-та моторизирана дивизија на Јужниот воен округ, која беше активна околу селото Роботин.

„Чеченските сили сочинуваат релативно мала, но од висок профил компонента на руските сили во Украина. Кадиров веројатно силно ги промовира улогите на неговите единици делумно за да ги зајакне своите ингеренции како лојалист на Путин“, веруваат британските разузнавачи.

Силите на Кадиров долго време имаат озлогласена репутација. Долги години, активистите за права и аналитичарите се загрижени дека поддршката од Чеченија има огромна цена, и во поглед на пари и во смисла на замижување пред кршењето на човековите права извршени од баталјоните и специјалните единици на Кадиров.

Драган Мишев (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново