Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Каква заедничка платформа имале Мицкоски и Палевски, што лидерот на опозицијата не сака ни да зборува за нивните средби?

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во јавноста одбива да одговори за неговата врска и средбите со убиецот на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, иако Љупчо Палевски, кој е осомничен за организирање на киднапирањата и убиствата, при изборот на Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ го ословува како добар пријател.

По лидерската средба на 4 декември, Мицкоски беше запрашан од новинарите за неговите средби со Љупчо Палевски и какви се неговите врски со него и неговата партија. „Да се задржиме на темата“ и „Убав ден да имате“ беа единствените коментари на Мицкоски на инсистирањето да одговори дали се среќавал со Палевски и за што разговарале на средбите за кои се тврди дека биле три, една во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и две во неговиот дом.

Порталот Инфомакс објави дека Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најмалку три пати се сретнал со осомничениот убиец на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо. Порталот тврди дека „за средбите има и сведоци кои се подготвени да говорат јавно и да објаснат за што се разговарало“.

За ваквите средби говореше и Палевски во неколку наврати, кој кажуваше дека се среќавал со лидерот на опозицијата со кој меѓу другото договарале формирање на коалиција и заедничко политичко делување, но и делување во рамки на политичкото подземје.

Ваквите индиции отвораат сомнеж дека постоела некаква спрега помеѓу Мицкоски и Палевски и дека се креирала некаква заедничка платформа во десничарските кругови. Одбивањето на Мицкоски да одговори дали и зошто се среќавал со Палевски врлаат сомнеж врз искреноста на ваквите средби.

Министерот за надворешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција во понеделникот кажа дека треба да се стави крај на криминалните гнезда кои се формирани преку политички движења и партии. Министерот додаде дека тие преку правење на политики, политиканство, коалиции, договори, влијанија од надвор сакале да направат дестабилизација.

Останува да се истражи дали и Мицкоски бил вклучен во ваквите завери, заедно со партијата на Палевски и движеањата околу него, а одбивањето на лидерот на опозицијата да одговори на прашањата за нивните средби, само фрлаат дополнителен сомнеж врз целата работа.

Најново