Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Калајџиев за Фронтлајн: Судскиот систем е спор и корумпиран!

Измените во Кривичниот законик – продолжуваат да бидат топ тема на политичката сцена во Северна Македонија, со меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата за наводни политички калкулации во име на правдата.

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, во изјава за „Фронтлајн“ вели дека поранешниот премиер, Никола Груевски, и поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, правдата не ги стигнала не затоа што се привилегирани, туку затоа што институциите се неспособни и неорганизирани.

– Правдата не ги стигнала не затоа што се привилегирани, туку затоа што институциите се неспособни и неорганизирани. Не може една постапка да трае 10 години. Точка! – смета проф. Калајџиев.

Запрашан дали ова е неправда, и дали жртвите од масовното прислушување од режимот на Груевски се понижени со овие постапки, професорот вели дека нормално е да се незадоволни, бидејќи никогаш не добија убедлив одговор на прашањето кој прислушуваше.

„Жртвите секако се незадоволни затоа што никогаш не добија убедлив одговор на прашањето кој прислушуваше. Главната грешка беше уште изборот на Катица. Кога ќе посадите криви краставици – немојте да чекате прави. Широчината на фронтот што СЈО го отвори (големиот број обвиненија) не беше реален за тајмингот што го добија. Плус, целиот систем е спор и корумпиран! Со партиски поставени обвинители кои го саботираат системот одвнатре. И така, кој корумпиран, кој неспособен… еден работи, двајца му сметаат… “– подвлекува проф. Калајџиев.

Иако Сашо Мијалков „избега“ од правдата користејќи интриги и правни дупки, користејќи го незаконското стекнатото богатство заедно со неговиот братучед Никола Груевски кој чека „виза“ за враќање во Северна Македонија, сепак и двајцата не може да избега од американската правда, кој, со одлука на Стејт департментот, се ставени на црната листа.

Од Стејт департментот сметаат дека поранешниот премиер и екс директорот на УБК преставуваат закана за стабилноста на регионот на Западен Балкан и тоа преку корупција, криминал и други незаконски активности.

Д. Јонузи (Фронтлајн)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново