Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Касами како Мицкоски, ги условува уставните измени: Настаните во Бањска и позицијата на ВМРО-ДПМНЕ имаат сличности

Со условувањето на Уставните измени, кои се и единствениот услов за Северна Македонија да чекори без пречки на патот кон Европската унија, Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши се постројуват зад опозиционерот Христијан Мицкоски и деструктивни проруски струи кои сакаат да го попречат ова патување.

„Во конкретниот случај Билал Касами презема голем ризик во политиката. Расположението на албанскиот електорат во однос на евроинтеграциите е 99 отсто. Со таков став, лидерот на Движењето Беса се позиционира на страната на македонската опозиција, ВМРО-ДПМНЕ и Левица“, вели за „Фронтлајн“ Дритон Зенку – новинар и познавач на политичките случувања во земјава.

Дритон Зенку

Според него, ваквиот став произведува два несакани ефекти.

„Прво, се коси со ставот на албанскиот електорат за европска Северна Македонија и второ, се усогласува со двете македонски партии кои се етикетирани како партии со проруски позиции. Друга појава што излегува на површина е неединството меѓу трите партии од албанската опозициска коалиција. Касами ги обелодени позициите на неговата партија и не зборуваше во име на опозицискиот блок. Значи, забележуваме сериозна разлика за исто толку сериозно прашање како што се Уставните измени кои ги отвораат вратите на Северна Македонија кон Европа“, нагласи Зенку.

Од друга страна, поранешниот пратеник и поранешен кандидат за претседател, Зуди Џелили, вели дека изјавата на Касами дека нема да гласа за Уставни измени без да се отстрани референцата од 20 отсто за албанскиот јазик, не е нешто ново, бидејќи, како што вели, оваа е побарано и од други партии на Албанците. Но, додава тој, моментот кога оваа барање го повторува Билал Касами е несоодветен.

Зуди Џелили

„Мораме да размислиме што се случи на Косово од антиевропските и антиалбанските сили. Настаните во Бањска и позицијата на ВМРО-ДПМНЕ имаат сличности, тие се дестабилизирачки сценарија за регионот, затоа секоја албанска партија мора да внимава да не се поклопува со плановите на проруските сили. Не би посакал ниту еден албански субјект да биде потопен во такви игри. Што се однесува до интересот на Албанците, се согласувам да соработувам со политичките партии кои се на власт, а не со ВМРО, бидејќи оваа партија има антиевропски и антиалбански позиции“, изјави Џелили за „Фронтлајн“.

Од владеачката СДСМ велат дека факт е дека Христијан Мицкоски е анти-ЕУ политичар, а ВМРО – ДПМНЕ е антизападна партија.

„Мицкоски и ДПМНЕ без аргументи, го блокираат продолжувањето на европскиот пат на државата и членството во ЕУ. ДПМНЕ не поддржа ниту една одлука за евроинтеграциите и правеше сè за да ја загрози европската иднина. Мицкоски организираше насилни протести против европскиот предлог, ширеше хистерија за наводна бугаризација и асимилација. Од ДПМНЕ ширеа лаги дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС, како прв договор потпишан на македонски јазик. Мицкоски и ДПМНЕ не го поддржаа ниту Преспанскиот Договор, ниту членството во НАТО. Мицкоски е единствениот политичар кој не аплаудираше на ратификацијата на членството во НАТО. Цели 11 години ДПМНЕ ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО, а денеска е главен кочничар на европската интеграција“, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

Лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами, исто како лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, ги условуваат Уставните измени и со тоа го попречуваат патот на Северна Македонија кон Европската унија.

Касами во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека сѐ додека не се внесе промената на формулацијата од 20 отсто за јазикот што го зборуваат граѓаните во албански јазик, пратениците на Беса нема да ги гласаат уставните измени.

„Албанската опозиција окрупнува и ја отвора вратата за партиите кои ќе и се спротивстават на ДУИ“, изјави Касами и најави заеднички кандидат на опозицискиот фронт на Албанците за претстојните претседателски избори.

Тој нагласува дека предизборно нема можност за каква било комбинација со ВМРО-ДПМНЕ, па и со која и да е друга македонска опозициска партија.

Дестан Јонузи (Фронтлајн)

Зачлени се на нашиот е-билтен