Мицкоски и неговата албанофобија се само маска за неговите дела, а истиот тој седи на иста маса со криминална структура којашто е дел од меѓународен синџир на трговија со дрога. Мицкоски се губи сам во своите изјави за својата „конзерватина’’ вредност а истата ја погазува со тоа што седи на иста маса со некој кој претставува закана за македонската младина.
На 3 декември на влезот на Гостивар беше спречен транспорт на 32 килограми марихуана вредна околу 120,000 евра од Република Албанија во Република Северна Македонија. Акцијата беше заедничка на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, Специјалната антитерористичка единица Тигар, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Охрид, ОВР Струга, СВР Тетово и ОВР Гостивар, координирана од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје.
Според добиените информации, едно од двете лица фатени во криминалот, М.А., е во блиска соработка со лидерот на ВМРО – Христијан Мицковски. Она што може да се воочи е каква подла политика води Мицковски со тоа што соработува со дилери и какви се неговите дела – враќање на криминалното милије во државата и постојано држењето на државата во оклоп.
Криминалната група била организирана од септември 2023 година од албански државјанин кој бил баран со потерница во Република Албанија и другите држави на ЕУ заради недозволена продажба на наркотици.
Политиките спроведени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски се само една манипулација кон народот со тоа што Мицкоски си ги изразува личните фрустации и наместо да се залага за прогресот на државата повеќе и од очигледно е дека намерата е да се врати криминалот и корупцијата во државата.
Македонскиот народ одамна ја препознава блокадата на државата спорведена од страна на Мицкоски – наместо да чекориме кон безбедна земја и напредна ние упорно се враќаме назад кон криминалните групи.