Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лукаревска: 700 компании не исплатиле плата годинава, ќе бараме измени на законот за да може да ги објавиме јавно

Данокот на солидарност го плаќаат компаниите со приход над 10 милиони евра кој пораснал за 20 отсто изминатите четири години

„Согласно нашите анализи 700 компании од почетокот на година па до сега немаат исплатено плата. Ќе инсистирам, заедно со работната група во УЈП во новиот закон за даночна постапка, да имаме законска обврска, како што објавуваме листа на должници, да ги објавуваме и компаниите кои немаат исплатено плата“, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во вестите на МТВ.

Таа додаде дека добро е јавноста да знае со какви работодавачи во општеството функционираме.

Директорката на УЈП истакна дека нивните екипи, координирано со останатите институции, редовно спроведуваат акции кај различни целни групи и различни форми на даночни обврзници со цел сузбивање на сивата економија.

„Во дел од акциите што ги спроведуваме, како на пример во клиниките, бевме исклучиво сами. Таму постапивме, изрековме глоби, а на некои места немаше неправилност. Во Арачиново постапивме со МВР, како кооординирана акција, бидејќи битно е секоја институција да постапува во својот дел. Ние гледавме за издавање фискални сметки и регистирани или нерегистрирани даночни обврзници, МВР во својот дел“, рече Лукаревска.

Во врска со данокот на солидарност, Лукаревска посочи дека го плаќаат компаниите со приход над 10 милиони евра кој пораснал за 20 отсто изминатите четири години.

„Критериумите за плаќање на данокот на солидарсност се јасни, ги опфаќа компаниите со вкупен приход од 10 милиони евра и тој приход ако е за 20 отсто повисок од претходните четири години“.

Таа додаде дека за носењето на овој закон се направи долг и транспарентен процес, каде што беа споредувани и искуствата од европските земји.

„Овие компании се столбот на општеството, а со овој закон се зајакнува нишката на општествена одговорност која треба да ја имаат“, рече Лукаревска.

Според директорката на УЈП уште 20 компании треба да го уплатат данокот, а вкупната сума која што треба да ја уплатат изнесува 644 милиони денари.

Зачлени се на нашиот е-билтен