ДРАГАН МИШЕВ
Доколку се обрне внимание на содржините кои дел од македонските медиуми ги објавуваат на своите канали за информирање, може да се добие впечаток дека Северна Македонија, во најмала рака е членка на Руската федерација, а не на НАТО и претендент за идна членка на ЕУ.
Секое појавување на Путин во јавноста, вклучително и неговите изјави, кои скоро секогаш се на штета на евроатлантските интеграции, се пренесува некритички, во дел од нив и со нескриено воодушевување, без да се изрази било каков сомнеж во нивната вистинитост, а за проверка и спротивставување на ставовите воопшто не доаѓа предвид.
Ова секако потсетува на информирањето во бившата СФРЈ, кога со воодушевување се пренесуваше секое појавување во јавноста, било дома или при посетата во страство на тогашнот ( доживотен) претседател, Јосип Броз-Тито. Очигледно, овие медиуми, рускиот диктатор го доживуваат како свој претседател .
И како по правило, речиси секогаш истите медиуми, веќе евидентирани како дистрибутери на руска пропаганда и дезинформации на македонскиот информативен простор, оркестрирано ги споделуваат големите мисли на великиот водач, како и неговите (ретки) патувања во странство ( во блискиот сојузник Казахстан) како огромно достигнување и победа на руската дипломатија.
Секако, не се заборава да се потенцира путиновото сфаќање за војната на Блискиот исток, а особено се дава до значење неговата изјава, во која како врховен судија носи пресуда, дека единствен виновник за војната помеѓу Израел и Хамас е САД, или, како што дел од нив здружено ја пренесоа веста зедно со печатната грешка, како што им била испратена од нарачателот, во името на еврејската држава, која ја пишуваат како: Ирзаел.
И секако, некритичкото пренесување на ставот на мастермајндот на руската воена агресија врз соседна, независна Украина, кој својата агресорска држава ја нуди како фактор кој може да „придонесе во мировниот процес“ во актуелниот конфликт меѓу Израел и Палестинците, предводени од Хамас?!
А ако само малку се истражи на интернет, колку за да се види и другата страна на медаљата, може многу лесно да се види поддршката на Москва за Хамас.
Една слика, илјада зборови: На 10 септември, 2022 година, шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, пристигна во за втората официјална посета на Москва, по покана на Русија, при што, за време на разговорите на за воспоставување билатерални врски ја пофали Русија за нејзиниот јавен став кон Палестина.