„Планот за раст на економиите на Западен Балкан, има за цел да воведе дополнителна динамика во евроинтегративните процеси на земјите од регионот и силна посветеност и одлучност со значајна финансиска поддршка да го поддржи забрзувањето на реформите, особено во делот на прилагодување на националните економии со стандардите на земјите членки на ЕУ“, истакна заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања во Собранието.
Маричиќ нагласил дека „според Извештајот за Северна Македонија, Европската Комисија запишала дека земјата ги спроведува реформите согласно ЕУ стандардите и секојдневно работи во исполнувањето на обврските, на укажувањата во Извештајот гледаме како на препораки за утврдување приоритети во наредниот период и како на важен показател за нашиот напредок“.
„Одлагањето или ставањето во неизвесност на преговорите и на членството на Северна Македонија во Европската Унија го става во неизвесност и реформскиот процес според ЕУ стандарди“, посочил истакна заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања во Собранието..