Мизогинијата и хомофобијата на г. г. Стефан задскриена зад грижата за идните поколенијата

ДРАГАН МИШЕВ

Во своето обраќање по повод големиот христијански празник за православните верници, Успение на пресвета Богородица, од манастирот на Матка, поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан, не ја пропушти можноста за повторно да посее омраза и да се става во улога на врховен толкувач на човековите права и слободи според неговиот светоглед, наметнувајќи ги верските догми на една религија врз останатите граѓанки и граѓани во секуларна држава како што (треба да) е нашава.

Архиепископот охридски и македонски се фокусираше на статусот и на местото на жената во општествениот живот според сфаќањата на клерот во МПЦ- да раѓа и да ги одгледува децата, и единствено достојна за почит е жената која раѓа, жената– мајка. Најверојатно, според него и неговото црковно опкружување, жените што нема да родат изгледа треба да ги каменуваме?

До каде ќе стигне светот со истополовите бракови и со хуруршката промена на полови? -прашува г. г. Стефан.

Тој додава дека вистинско време е самопрогласените борци за правата на жените да се запрашаат како ќе се раѓаат и воспитуваат идните поколенија.

Зарем вакво прашање поставува господинот господин. Одговорот , токму според неговите проповеданија е „бестелесно оплодување“… зарем така не е зачнат плодот во нејзината утроба.

Ако  Пресвета Богородица за црквата била и останува да биде идеал за мајка, зошто во нашите православни црквите нема икони ( барем јас не сум видел) во кои ќе ја величаат нејзината улога како мајка, зошто нема ниту една икона во која таа го дои божјиот син, а така се раснат и се одгледуваат деца, господине господин.

А со изјавата на „ајатолахот“ на МПЦ – ОА дека „т.н. борци за правата на жените ја навредуваат природата на жената и нејзиното природно право на мајчинство“, освен што е лага (борци за правата на жените не го оспоруваат правото на мајчинство на жената, туку се борат за родова еднаквост, истата таа жена да има еднакви права во општеството) туку и самиот себе се негира и го доведува во прашање постоењето  на монашки братства и сестринства, кои седат во манастирите наместо да раѓаат, да се множат?!

Еден друг поп од истата мизогена братија, ги прогласи разведените  жени и самохраните мајки како погубна закана за македонското општество, а родовата еднаквост за изопачена, уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија која молскавично му се заканува на нашето општество.

Во меѓувреме, Талибанците, откако им ги забранија и козметичките и фризерските салони на жените во Авганистан, сега Авганистанките не смеат да го посетуваат ниту популарниот национален парк. (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен