Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

НАТО ги привршува подготовките за најголемата воена вежба од крајот на Студената војна

Вежбата Steadfast Defender 2024 доаѓа и како дел од брзиот притисок на НАТО да се трансформира како одговор на светската безбедносна криза предизвикан од инвазијата Руската Федерација на Украина

Оваа пролет НАТО ќе ја одржи најголемата воена вежба од крајот на Студената војна. Според плановите таа ќе започне на крајот на април и ќе собере повеќе од 40.000 војници на територија која се протега од Балтикот до Полска и Германија.

Според адмирал Роб Бауер, воен началник на НАТО, Steadfast Defender 2024 ќе биде полигон за тестирање за практикување на испреплетени планови на НАТО и на националните одбранбени планови.

„Новата ера на колективна одбрана е пред нас“, рече Бауер по состанокот на шефовите за одбрана на НАТО, кога овие најавени вежби ги нарече најголеми по Студената војна.

Вежбата Steadfast Defender 2024 доаѓа и како дел од брзиот притисок на НАТО да се трансформира како одговор на светската безбедносна криза предизвикан од инвазијата Руската Федерација на Украина.

Се очекува вежбата да вклучи меѓу 500 и 700 воздушни борбени мисии, повеќе од 50 бродови и околу 41.000 војници.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека 20.000 припадници на британската војска ширум Европа ќе учествуваат во оваа голема вежба на НАТО, како и ударна група носачи на авиони, нападни авиони Ф35Б и авиони за набљудување.

Шведска, чија кандидатура за НАТО допрва треба да биде ратификувана од Турција и Унгарија, исто така ќе биде вклучена, со што вкупниот број на вклучени земји ќе достигне 32.

Вежбата е дел од новата стратегија за обука со која воената алијанса ќе спроведува две големи вежби секоја година, наместо една. НАТО, исто така, ќе тренира за спротивставување на терористичките закани надвор од нејзините непосредни граници.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во јуни минатата година изјави дека Алијансата ќе го зголеми бројот на своите сили со висока готовност од 40.000 на „многу над 300.000“. Тоа е дел од историскиот ремонт за пренасочување на алијансата кон тешки воени капацитети наспроти лесните и мобилните сили распоредени на Балканот и Авганистан.

По таа изјава, лидерите на НАТО на самитот во литванската престолнина Вилнус во јули се согласија со новите регионални одбранбени планови и создавањето на таканаречените сојузнички сили за реакција, мултинационални сили способни брзо да одговорат на заканите.

Балтичките земји беа особено гласни во повикот до НАТО да го зајакне своето источно крило со концетрација на силите на границата со Белорусија, кога рускиот претседател Владимир Путин рече дека нуклеарното оружје ќе биде пренесено во Белорусија на почетокот на јули.

Во меѓувреме, НАТО постави мултинационални баталјони во балтичките земји за да го забави напредокот на кој било агресор во случај на инвазија. Германија во јуни соопшти дека трајно ќе задржи 4.000 војници во Литванија.

Вежбата Steadfast Defender 2024, исто така, се гледа како клучен дел за демонстрирање пред Москва дека Алијансата е подготвена да се бори, рекоа претставници на НАТО.

На Steadfast Defender 2024 ќе и претходи најголемата вежба што досега се одржала во нордиските земји досега, Nordic Response, која опфаќа пет нордиски земји вклучително и новата членка Финска, со фокус на нивно интегрирање во ревидираните одбранбени планови на НАТО.

Во последниве денови, НАТО, исто така, го изврши својот прв надзорен лет со беспилотни летала над Финска, додека сојузниците ги засилуваат извидувачките мисии на источниот раб на блокот.

Во 2023 година, сојузниците учествуваа во вежбата „Воздушен бранител“ предводена од Германија, која беше прогласена за најголема изложба на воздушната моќ на НАТО, а во моментот, околу 30 воени бродови на НАТО се вклучени во вежбите на Балтичкото Море, за кои алијансата рече дека се фокусирани за прв пат на „војување од висока класа“ што е потребно за одбрана на сојузниците во регионот.

„Руската агресивна војна против Украина радикално ја промени безбедносната ситуација во Балтичкото Море, а НАТО значително го зголеми своето одбранбено присуство во регионот на море, на копно и на воздух“, рече портпаролот на НАТО Дилан Вајт на почетокот на двонеделна вежба на северниот брег, која започна на 9 септември.

З. Б.

Треба да знаете
Moже да ве интересира