Советот на ЕУ и ЕП постигнаа договор за пет клучни регулативи за азил и миграција. Договорот ги содржи политички елементи на пет клучни регулативи кои суштински ќе ја ревидираат правната рамка на ЕУ за азил и миграција
Пишува: Мирјана ВАСИЛЕВА
На крајот од годинава, а под претседавање на Шпанија, Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за нов сет на правила за управување со миграцијата и азилот, изјави претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.
Ова е потврда дека Унијата се уште е посветена на справување со основните причини за миграцијата, соработката со земјите на потекло и транзит и справување со „неволјата на криумчарењето мигранти“.
Но, кога ќе бидат усвоени новите правила,според експертите за миграција, тие би требало да го направат европскиот систем за азил поефикасен но и да ја зголемат солидарноста меѓу земјите-членки со тоа што ќе се овозможи олеснување на товарот на земјите-членки каде што пристигнуваат поголемиот дел од мигрантите.
Што содржат новите правила во европскиот пакт
Петте закони на ЕУ на сите фази на управување со азил и миграција, почнуваат од проверката на илегалните мигранти кога ќе пристигнат во ЕУ, собирањето биометриски податоци, процедурите за поднесување и решавање на азил апликации. Исто така тие се повикуваат и на правилата за одредување која земја-членка е одговорна за решавање на барањата за азил, за соработка и солидарност меѓу земјите-членки и за начинот на дејствување во кризни ситуации, вклучително и случаи на инструментализација на мигрантите а додека
Европремирката Усула фан дер Лајен го поздрави постигнувањето на „историски договор“ за Пактот за миграција и азил, додека шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка Гомеш потсети дека ЕУ го исполнува своето ветување, бидејки ЕУ останува посветена на справувањето со основните причини за миграцијата, соработката со земјите од каде потекнуваат и транзитираат и справување со неволјата на криумчарењето мигранти.
Но, Франција е прва земја-членка на Унијата која што деновиве донесе строг закон за миграција.
Макрон: Контроверзниот закон е „штитот што ни требаше“
Новиот закон е „многу јасно“ насочен кон обесхрабрување на илегалната имиграција.
Контроверзните нови правила – вклучително и миграциските квоти, што им отежнува на децата на имигрантите да станат француски државјани и го одложува пристапот на мигрантите до социјалните бенефиции – Со законот се олеснува депортирањето на илегалните мигранти, истовремено отфрлајќи ги плановите за олеснување на дозволите за престој за работниците во секторите со недостиг на работна сила.
Овие и други мерки предизвикаа вознемиреност кај левичарските пратеници на Макрон, при што министерот за здраство поднесе отавка поради тоа што и екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен го поддржа нацрт-законот, потег што некои медиуми го нарекоа „бакнеж на смртта“.
Финска ја затвори грамицата кон Русија, единствен отворен премин е Артичкиот
Поради се поголемиот број на мигранти кои догаат од руската страна, финската влада се одлучи на ваков потег, бидејки објаснвање најде во минатогодишниот усвоен закон со кој им дозволува на нејзините гранични власти да престанат да прифаќаат барања за азил на одредени премини во случај земјата да стане цел на масовна имиграција организирана од друга земја.
Хелсинки ја обвинува Москва дека во последните две недели донела приближно 700 бегалци и мигранти, главно од Јемен, Авганистан, Кенија, Мароко, Пакистан, Сомалија и Сирија, на финската граница. Кремљ ги отфрла обвинувањата на официјален Хелсинки.
Обвинувања за кршење на меѓународното право
Обединетите нации и многу други организации за човекови права ја обвинија оваа нордиска земја за кршење на меѓународното право и спречување на луѓето да бараат азил.
Амнести Финска предупреди дека одлуката за затворање на сите гранични премини со Русија „ги поткопува правата на барателите на азил и го зголемува ризикот од сериозни прекршувања на човековите права на границата.
Отворена е само арктичката рута
Финска која е членка на Нато дели 1.340 километри граница со Русија, која служи и како надворешна граница на Европската унија Таму сега по барање на финската влада на помош на полицијата пристига и Фронтекс, кој ќе остане до крајот на јануари.
Фронтекс распореди 50 граничари и друг персонал и опрема во Финска, вклучително и патролни возила. А таму веќе работат и експерти за надзор, преведувачи и експерти за верификација на документи.
Естонски мерки
И Естонија ја обвини Русија и за „хибридна офанзивна операција“ со цел да се наруши државната безбедност и да се вознемирува населението.
Околу 30 мигранти, главно од Сомалија и Сирија, се обиделе да влезат во Естонија од Русија во последните денови, но полицијата тврди дека никој не поднел барање за азил и дека сите се вратени назад. Естонија најави дека нема да се двоуми да ги затвори граничните премини доколку „ескалира мигрантскиот притисок од Русија“.
Но, како и да е според информациите на странските агенции се додека нe стапи во сила новиот европски договор, а предвидувњата се дека се очекува највеорјатно тоа да се случи идната година, а тогаш навдорешните граници на Унијата ќе се штитат според постојните регалутиви и механизми.
Шенген зоната на Унијата се уште е суспендирана поради граничните контроли воведени пред 2 месеци. Ниту една земја од Шенген зоната што воведоа привремени гранични контроли не ги сменија одлуките, туку напротив некои од земјите од Централна Европа ја продолжија мерката контрола на границите.
Едно од објаснувањата на експертите за безбедност е дека граничните контроли се воведуваат поради предизвикувачките безбедносни услови и зголемената закана од тероризам во Европа по настаните на Блискиот Исток но и запирањето на зголемната бројка на илегалните миграции.