Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Новогодишна желба на македонските рашисти е вагнеровци да им шетаат по дома

Новогодишна желба на македонските рашисти е по дома да им шетаат вагнеровци. Извесен Инквизатор на интернет платформата Х објави фотомонтирана фотографија од руската платеничката група Вагнер на која на руски јазик пишува: „Онаму каде што војската не може да оди, (Вагнер) ќе го отвори патот, Македонија“, додавајќи коментар „Ај да ги дочекаме годинава“.

И поранешниот новинар Цветин Чилиманов, (кој во 2018 година беше избркан од МИА поради повик за силување и насилство врз дописничката на Фајненшл Тајмс, Валери Хопкинс), на Х мрежата ја сподели фотографијата на терористичката група Вагнер при што додаде:

„Кога ќе се стабилизира фронтот во Украина, вишокот руски војници ќе се нудат на пазарот во вид на Вагнер бригади. Сите прашања на Балканот ќе бидат пак на маса, вклучително и македонското“.

Ви пренесуваме дел од коментарите во однос на желбите на македонските рашисти да дојдат вагнеровци во Македонија за да им стават „ред со Албанците“:

Како за потсетување за рашистите, Северна Македонија е земја членка на НАТО и за таквите терористички групи како што е руската група Вагнер, нема место.

ЦМТ

Зачлени се на нашиот е-билтен