Пишува: Дарко ЛЕШОСКИ
Ак те сакам зош се плаша од пекол – таму Ти мене да ме изгориш. Ак пра убо и мисља секому убо за во Рајот Твој Ти мене да ме пуштиш и да ме наградиш – никваш Ти мене таму да наздра да не ме пуштиш!
Ама ак те сакам заш су слободен и су одбрал да те сакам и не ми е страв од Тебе зош ти си Љубов, па и да Те повреда и навреда, па и да Ти се наругам заш су само прашина и земја твоја, грешен и слаб и што и да пра и колку и да греша дек те сакам и ќа те сакам, Ти тога мене и на племето мое утехата Твоја да не ни е ускратиш! Милозљо да ни се опулиш! Да се насмејш! На простотјата наша да се насмејш тога Ти! Ти ќа дајш здив. Ти си голем и нам и ним да им простиш. Секој мој здив е навреда кон Тебе и благослов во истовреме Твој. И знајш дека знам дека сѐ е суета и ове моево сега. И дека сѐ во Тебе еден ден ќе се наполнит. Сета празнина што велевме живот дек је – еден ден ќе се смејме и никого ништо немат да болит. Серцето Ти знајш ут ми е со ворзани очи.
Многу години да ти се блажен владико! И знајш дворојне од Претечата твој мијачки какви реце и метет секва зора и со какви керстој на ними невидливи шетет и и носет. Знајш ти многу убо колку е тешки керстот од гајби (алкохолизам) на нечиви плешти. Како се кривет плештите и умот и духот од тој керст. Знајш за тежината на керстот од алкохолизмот. Ги имаш околу тебе – Бог да им е на помош и Мирот Негов преку тебе во ними нека се влејт. Ако се маскире децава кош требит и други керстој требеше да се и од шприцој и од канабис, пола од гајби, пола од врешта брашно. Ноздрите нивни требеше да се широки ко шапуркине од чешмана од Неофита ваш и наш. И знајте вие многу убо тие погледи и тие ноздри. Да е глува земја. Уста да не прогорит – све ќе испоганит! Мојава е уста што многу знајт да малчит, ама е многу погана ак се отворит владико, проштај. И нешто од злато што е за право требеше керстој . Злато немаме многу. Го имаме потрошено пред многу векој на рушвет за да не слегвит една скала подолу за да го видиме нашјот Господ. Нашјот овде бил рамен од стално и еднаков со сечив. Дедовците наши знет как се платил. Едно Око. А и ак го имаме ќе ви го дајме вам. Овде злато и многу значит и ништо не значит. Ак немаш со кого да си на Свети Васиљја. Не плаши се од нашиве души пагански гредите мие в очи си и гледаме и кажвиме овје два дена. Бес перис. Вевчани е церква каква што многу церкви би сакале да сте. Да се. Од Етиопија до Кечикен Аљаска. Вие како МПЦ сакате да сте Вевчани, ја би ви посакал да сте Вевчани. Вие уствари сакате да сте ко нас. Немат религија што не е испоганата овје 2 дена во Вевчани. Не постовјат таква. Годинава во 3 сабајле ко одев сам на вода стретив еден што беше маскиран во Евреин и со тоалетна хартија ги полнеше шуплинкине од камењана од водејнцана у Русеј ( од баба) и глумеше ут је Ѕиздон. Дек се молит.
Застанав. Се смевме. Заш је жив будала во глата ама никому зло со умисла не сторил и не посакал.
Кеде со таја суета владико од пагански обичај ти вера да бараш? Овде децана не опитвет чиво е Оконо оддесно горе во церквана наша. Теја само им кажвит Чиво е. Овде најголема клетва е да дајт Господ детето од василичари(зло) да ти се плашит, заш знајме дека злото е претстава, унапред изгубена битка. Заш је страмота е овде од зло да се плашиш покрај Бог Жив. Зло овде е страмота. Лицемерието е овде страмота. Злото е грота.Загротица. “Загротица колку е лош!” – веле овде бабите мој за некој лош човек. Мнозинството Вевчанци сме секакви- само не до толку понизни и прости владико. Имаме и лигуши што се правдет секому некому, што се стресени ама и ними си и сакаме заш сегде имат такви. Мие сме за вас чудни. Овде ти мојш секој ден свешти ф церкоф да палиш и пак гнеса да си. Овде ти мојш церква да запалиш ама никому зло ак не посакаш и да не сториш – ти пак ќа имаш почит.
Карневал знајме дека е баханалија (од Дионис), ослободување од месо и пагански обичај. Да. (Мие сме тије па да, што велит еден наш кушувеш:)) какво православие или вера таму бараш во тие два дена?
Немојте ни вие, ни било кој од Македонија на Вевчани за православие. Бизарно е! Невкусно и смешно. Дали имате појма на кое племе му солите памет за православие? За истрајност во православна вера на Вефчанец? Преплатена е нашата вера овде. Смешно е. Ќитапите да ви ги отвориме таму од пола “верници” ќе испадните некоја друга вера пред неколку колена та пак назот вратени. Така ви било полесно тога – никој не судит! Па немате толку цела Македонија железо во керфта колку мие со злато што сме преплатиле петсто години да сме ове што сме бре попе. Дедовците ми биле по затвори и биени ко магариња за мојата слобода од овје два дена- кој си ти да кажиш што смејт а што не дома? Кому? Со кој ум солиш памет нам пагани од калето бигор? Кеде бе?! Немојте вие “верниците” од Македонија на Вевчани за традиција или за истрајност и исправност во православна вера. До вчера ф када и по куќи форлавте керст. До фчера по куќи скришум се венчавте и керштавте да не се замерите со партијата. Немојте вие од Македонија на Вевчани за дух. Или за храброст. Не плаши се владико од душата наша паганска. Нам ни беше многу тешко овје два дена… немаше еден топан. Да го опериш и не тумбат никој. Керстот в душа не даваше да е така, а не од гајби. Немаше зурла. Да го сечиш со жилет некого и не пискат. Мие сме чурук железо владико, сољта твоја и сечива нас не не јајт – ам само ерѓата наша. А ерѓата стално од себе идет. Не мојш ти нас да не унижиш – мие сами се унижвиме два дена и сме подолу од дно – за после да не се унижвиме пред никој. Секој прав Вевчанец теја го знајт. Ама сега беше многу тажно Оче. Болно и безвеза как да ти кажа не знам. Муклес. Штама. Немаше една фреквенција која вам ви е природно непозната и нит ви личит да ви е – едноставно е, не сте од Вевчани. И никој од вас и не очеквит да не разберите. Не бараме да разберите. Ама судења овде не поминвет. Гла навалена вистина сабја не сечит ама и сенце не гледат. А овде сакаме сенце многу. И деца весели. А не се слушаше смење од деца по сокациве ич. Не се бацве пијани млади скришум по темницине тој напрен ѓаол или глупи август таја анѓел ко што имало многу години и животот кош бил. Знајш ти многу убо што значит Глупав Август како маска и со кого се исмевјат и кого понижвит, учен си – не си ко многу “верници”. Знајш и колку е стара таја маска. Таја е маската која го исмевјат оного што Бога наш го распнал. Им беше многу многу тешко на децата. Не им беше до ништо. Ама баш до ништо. А на млади, на деца да не им је до ништо е многу болно и многу болит! А не дек керст од гајби не се прајт! Знајш ти многу убо и тие околу тебе дворојте што и метет колку е тешки керст на плешти и од гајби и од шишиња. Мноогу убо знајте и ти и многу “верници” и “патриоти” што беше порака од таја маска. Не прајте се сосила толку прости колку што ви се “верниците” прости за да ги момите ними ут и тије се многу паметни ко вам! Не поминвит теја Вевчани. Доста! Беше многу болно. И е уште. И ќа е. И немој! Немој да се прајте многу паметни со словата овде и да се топорите таму кеш не личит. Мокате на лопов и мислите ут топани тумбет. Немој! Авторитет Вевчани никој не купил! Нит со пари нит со страв нит со лижење. Ваша работа е и кажете како мојт чвек на друг чвек сморт да му посаквит? Како мојт душата толку да ерѓосат? Како мојт чвек земјата своја да велит дека е сакат, а на сморт се ситит? Како го оставаш таков верник тебе реката да ти е бацит? Како му е името на тој ѓаол така меѓу народот што влегвит? Каков керст тој грешник на него носит Владико? Кажи зошто требит со толкај кертсој ќитени ко Ќание Вест или ко амерички рапери да шетате вие владици?
А мие знајме ут керст не е керст од гајби тва не требит ти да кажвиш! Една година Исус Христос имаше маска и го распве ак памта убо, ја бев мал, а ти ваљјда не беше уште владика. И немаше ваљјда ни претстава ут еден ден ќа си. Карневалот овде постовјаше, а Бигорски имаше утки и пајаци дур не дојде ти. Алал да ти е честити владико! Гледаш за некој рабоќе и некоја слобода требит сам да се осмелиш и да си се избориш! И што немало овде на карневалот. И што не ќе имат и којзнајт… И којзнајт зошто е сето теја убо за Слава Негва. А да грачит и кобит ко гавран секој мојт, да цивкат милно ко ластојца черви на ластојчиња гладни за видело и рана в седало ретко кој. Господи возвах тебје – од тебе никој поубо не е пејт. Цел Атос се восхитвит на гласот твој и ти соблазвит. И ти го знајш теја. Челото тебе ти светит. Бацен си. Ама за судење не ти светит, ам за да стоплиш. За да стоплиш – не да судиш! Не суди оче. Или не нам! Вевчанска пот керф и солзи ти се натопени во твојот манастир, од нас пагани. Свети Вјан мозаикот што ви е над чешмана е од татко ми рецете, ја сакав таму да седит заш таму му е и местото и таму и го личит. Не валкај се со нам грешни, имат кутри души што поќе од нас времето твое им требит. Немој!
И не само ти туку и немојте никој овде да ни глумите ни патриоти ни верници кој и чин да имате ни церковен ни политички ни Бред Пит! Не чепкај ми ја слободата со морсни реце – Тој во серцево мое стално што имат мојт да видит и Тој ќа судит не ти! Не овде никој ни за слога, ни за карми, ни за вера, ни за космички правдини. Овде е све е платено. И преплатено. И изборено. И слободно. А сега овој пот овде беше болно. И болит. И беше тешко. И за некого од нас ќа поминит, а за некого никваш.
Ама ко ќа се разбудиш ќе си речиш: Што преф ја?
– Судев и нишав ножој в џигери! Нишаше ножој в џигери и се преше паметен. Керст дека не се прел од гајби дојде ти или вернициве ко загари да колнет и да не учет дек не требело … А знајш дека знајме и ја и ти дека керст не е само знак, аљ е од гајби, од дерво, од железо ил злато.
Ам моките как душата ти носит!
Проштај и простено нек ти е владико!
За многу години!
П.С: сликата е од Горан Тачевски. Ми беше задоволство и драго драг Горан.
Децава не знам чиви се – да се здрави и весели! Умножи Господи! (Фронтлајн)