Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Оливер Стоун, путиновиот Рифенштал

Терминот „танки“ (tankie) е левичарска политичка навреда за комунист кој го брани сталинизмот или поддржува авторитарни или милитаристички, антикапиталистички режими, и е познат на секој со извесно познавање на политиката на поранешниот Советски Сојуз. Тоа е вообичаен интернет сленг во денешно време, особено меѓу оние што сакаат да ги означат апологетите на режимот на Путин. Може да најдете „танки“ од секаков вид – од анонимни тролови на Твитер кои се противат на проширувањето на НАТО во Источна Европа, до познати новинари, режисери и академици.

Во контекст на опширниот осврт на  Цивил Медиа за тоа зошто дискредитираните Американци се впуштаат во улога на пропагандисти на озлогласени диктатори, како Путин и Хитлер, низ историјата и зошто и денес, овие обесчестени Американци инсистираат да ја бранат реториката на Путин, како еден од поистакнатите примери за денешните „танки“ се појавува Оливер Стоун, американскиот режисер. познат по филмовите за американските претседатели како што се „ЏФК“ и „В“, и исто така стана дел од поранешната славна група западни личности кои сега се ставија во служба на руската пропаганда.

Тој го продуцираше „Украина во пламен“, кој излезе во 2014 година, филм кој ги минимизира протестите на Евромајдан кои доведоа до соборување на корумпираниот проруски претседател Виктор Јанукович во 2014 година и претставувајќи ги како државен удар предводен од САД.

Во своето неодамнешното појавување во подкастот на Бил Махер „Клуб Рендом“,Стоун го удвои своето проруско расположение, бранејќи го рускиот претседател Владимир Путин, го доведе во прашање потеклото на КОВИД-19 и ефикасноста на вакцината, ги изрази своето мислење дека Доналд Трамп можеби победил на изборите во 2020 година и ги објасни во суштина сите спротивни позиции на кои можеше да се сети. Водителот на крајот вознемирено го праша: „Дали постои теорија на заговор во која не верувате?

Уште поконтроверзни беа документарните филмови на Стоун за диктаторите Фидел Кастро (има снимено три) и, особено, за Владимир Путин во „The Putin Tapes“. Поддршката на Стоун за Путин станува сè поконтроверзна додека руската инвазија на Украина продолжува.

Драган Мишев (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен